Регион

Политика и отров: Како хрватските медиуми известуваа за судењата на босанските Хрвати

БИРН анализира како хрватските медиуми известуваа за пресудите, со кои беа осудени функционерите на Херцег-Босна и на Хрватскиот совет за одбрана (ХВО)

Хрватските, како и најголемите медиуми во светот, се фокусираа на таа слика – кога Праљак го испи отровот, и речиси целосно ги заборавија злосторствата за кои тој и другите беа осудени.

Овој ужасен крај на судењето, ги потисна фактите утврдени за време на судската постапка, што траеше повеќе од десет години.

Во овој текст, БИРН анализира како хрватските дневни весници „Вечерњи лист“, „Јутарњи лист“ и „Вјесник“, известуваа за клучните пресуди на МКТЈ, во случаите против поранешните функционери на Херцег-Босна и на припадниците на ХВО (шест случаи, со 13 обвинети лица).

Анализата покажува дека овие медиуми честопати беа површни и селективни во нивниот пристап, несоодветно презентирајќи ги фактите, извлекувајќи неточни заклучоци и изоставувајќи ја перспективата на жртвите, кои главно беа бошњачки цивили.

Медиумите честопати известуваа националистички и скоро исклучиво се фокусираа на улогата на Хрватска во војната во Босна и Херцеговина, честопати минимизирајќи ја или релативизирајќи ја улогата на Загреб.

Казна која предизвика шок: случајот Блашкиќ

Насловната страница на „Јутарњи лист“, за пресудата со која беше осуден Тихомир Блашкиќ

Во март 2000 година, Хашкиот трибунал го прогласи Тихомир Блашкиќ, генерал и командант на силите на ХВО во централна БиХ, за виновен за давање на наредби, планирање, извршување, помагање и поддржување на злосторствата над локалното бошњачко население, во 1993 година.

Злосторствата вклучувале планирање и давање на наредби за напад на селото Ахмиќи, во април 1993 година, кога беа убиени повеќе од 100 бошњачки цивили, претежно жени и деца, но и уништување на имот, прогон и употреба на затвореници како човечки штит.

Блашкиќ беше осуден на 45 години затвор, што тогаш беше најголемата казна изречена од Хашкиот трибунал. Тогаш, „Вечерњи лист“, на насловната страница излезе со насловот: „Шок во судницата на Хаг“.

Текстот содржеше делови од пресудата, во кои беа опишани злосторствата. Беше наведено дека судот ги отфрлил тврдењата на одбраната, дека постоел паралелен команден ланец во ХВО, со седиште во Мостар, кој ги контролирал специјални единици кои ги извршиле злосторствата, при што авторитетот на Блашкиќ се заобиколувал.

Во текстот се најдоа и наодите на Хашкиот трибунал, дека Хрватска била вмешана во војната во БиХ, бидејќи имала индиректна контрола врз ХВО, но и реакциите на разочарување и шок на адвокатите на Блашиќ, на хрватските политичари, на босанските Хрвати, воените ветерани и на неименуван американски адвокат.

„Тоа е пресуда за животно, а не за човек. Хрватска е (перцепирана) како земја од трета класа и тоа е единствениот начин на кој може да се разбере оваа пресуда“, изјави неименуваниот адвокат, за „Вечерњи лист“.

Сличeн текст понуди и „Јутарњи лист“, кој на насловната страница стави акцент на невиноста на Блашкиќ, со коментар на Дражен Будиша, член на владејачката Хрватска социјална либерална партија. Весникот пренесе и реакции на неверица на хрватските политичари и адвокати, спомнувајќи ја важноста на ставот на судот за улогата на Хрватска во војната.

Следниот ден, „Вечерњи лист“ објави текст на својата дописничка од Хаг, Вишња Старешина, во кој се сугерира дека со оглед на пресудите во случаите против босанските Хрвати, на хрватските воени лидери им се закануваат казни од 50 или повеќе години затвор. Истиот ден, „Јутарњи лист“ објави домашни и меѓународни реакции на пресудата, вклучувајќи ги и оние на Њујорк Тајмс и Ле Монд, при што заклучи дека сите се согласни во осудата на пресудата.

Во неколку написи и колумни во „Јутарњи лист“, поранешната хрватска влада предводена од ХДЗ, беше индиректно или отворено обвинета за ваквата пресуда.

Незадоволни политичари: случаите Кордиќ и Черкез

Во март 2000 година, Хашкиот трибунал го прогласи Тихомир Блашкиќ, генерал и командант на силите на ХВО во централна БиХ, за виновен за давање на наредби, планирање, извршување, помагање и поддржување на злосторствата над локалното бошњачко население, во 1993 година.

Злосторствата вклучувале планирање и давање на наредби за напад на селото Ахмиќи, во април 1993 година, кога беа убиени повеќе од 100 бошњачки цивили, претежно жени и деца, но и уништување на имот, прогон и употреба на затвореници како човечки штит.

Блашкиќ беше осуден на 45 години затвор, што тогаш беше најголемата казна изречена од Хашкиот трибунал. Тогаш, „Вечерњи лист“, на насловната страница излезе со насловот: „Шок во судницата на Хаг“.

Текстот содржеше делови од пресудата, во кои беа опишани злосторствата. Беше наведено дека судот ги отфрлил тврдењата на одбраната, дека постоел паралелен команден ланец во ХВО, со седиште во Мостар, кој ги контролирал специјални единици кои ги извршиле злосторствата, при што авторитетот на Блашкиќ се заобиколувал.

Во текстот се најдоа и наодите на Хашкиот трибунал, дека Хрватска била вмешана во војната во БиХ, бидејќи имала индиректна контрола врз ХВО, но и реакциите на разочарување и шок на адвокатите на Блашиќ, на хрватските политичари, на босанските Хрвати, воените ветерани и на неименуван американски адвокат.

„Тоа е пресуда за животно, а не за човек. Хрватска е (перцепирана) како земја од трета класа и тоа е единствениот начин на кој може да се разбере оваа пресуда“, изјави неименуваниот адвокат, за „Вечерњи лист“.

Сличeн текст понуди и „Јутарњи лист“, кој на насловната страница стави акцент на невиноста на Блашкиќ, со коментар на Дражен Будиша, член на владејачката Хрватска социјална либерална партија. Весникот пренесе и реакции на неверица на хрватските политичари и адвокати, спомнувајќи ја важноста на ставот на судот за улогата на Хрватска во војната.

Следниот ден, „Вечерњи лист“ објави текст на својата дописничка од Хаг, Вишња Старешина, во кој се сугерира дека со оглед на пресудите во случаите против босанските Хрвати, на хрватските воени лидери им се закануваат казни од 50 или повеќе години затвор. Истиот ден, „Јутарњи лист“ објави домашни и меѓународни реакции на пресудата, вклучувајќи ги и оние на Њујорк Тајмс и Ле Монд, при што заклучи дека сите се согласни во осудата на пресудата.

Во неколку написи и колумни во „Јутарњи лист“, поранешната хрватска влада предводена од ХДЗ, беше индиректно или отворено обвинета за ваквата пресуда.

Незадоволни политичари: случаите Кордиќ и Черкез

Насловните страници на „Вечерњи лист“ и на „Јутарњи лист“, по самоубиството на Слободан Праљак. Фото: Свен Милекиќ/БИРН

Во февруари 2001 година, МКТЈ ги осуди Дарио Кордиќ, потпретседател на Херцег-Босна и политички лидер на босанските Хрвати и Марио Черкез, командант на Витешката бригада на ХВО, за злосторства извршени врз Бошњаците во Лашванска долина, во 1993 година.

Меѓу другите злосторства, обвинителството го товареше Кордиќ и за планирање на нападот на Ахмиќи и на другите села во Лашванска долина, со цел етничко чистење на територијата. Черкез беше обвинет за намерно убивање, за затворање на Бошњаци во објекти за притвор во Витез и за принудување на воени затвореници да копаат ровови, од кои некои повеќе не се вратиле назад.

Судскиот совет ги прогласи обајцата за виновни по повеќето точки од обвинението, изрекувајќи им казна од 25 години затвор за Кордиќ и 15 за Черкез.

Весникот објави краток извештај и репортажа од Витез и Ахмиќи, во кој беа претставени ставовите на обете страни во конфликтот. Локалните ветерани изразија незадоволство од пресудите, за кои оценија дека се неправда што на босанските Хрвати им е нанесена од страна на меѓународната заедница.

„Јутарњи лист“ објави подолг извештај во кој ги опиша злосторствата, како и точките од обвинението, за кое обвинетите беа ослободени. Весникот ги пренесе и незадоволните реакции на босанските Хрвати и реакцијата на хрватскиот претседател, Стјепан Месиќ.

Во извештајот од судницата на „Вечерњи лист“, беа дадени детали за злосторствата. Тој содржеше и реакции на обвинителството, на одбраната, но и на хрватските политичари, сите разочарани од пресудата.

Следниот ден, дописникот на „Вечерњи лист“ од Хаг, напиша критички текст со наслов „Пресудата на Кордиќ заснована на рекла-кажала докази“, имплицирајќи дека тој бил неправедно осуден од судот.

Еден ден подоцна, „Јутарњи лист“ објави извештај од Бусовача со наслов „Ние сме единствените осудени, а сите знаеме дека муслиманите нѐ нападнаа“, во кој локалните Хрвати го изразуваат своето незадоволство од пресудата.

Изненадувачки пресврт: случајот Блашкиќ

Текстот објавен во „Вечерњи лист“ за враќањето на Тихомир Блашкиќ во Загреб, по неговото пуштање од затвор

Во јули 2004 година, Жалбениот совет на Хашкиот трибунал, му ја намали затворската казна на командантот на ХВО, Тихомир Блашкиќ, од 45 на 9 години затвор, со што му беше овозможено, неколку дена подоцна, да излезе од затвор.

Судот го ослободи Блашкиќ од секаква одговорност за Ахмиќи, но не и од одговорноста за употреба на воени затвореници за копање на ровови и како човечки штит.

„Јутарњи лист“, скоро целата насловна страница, ја посвети на случајот Блашкиќ, со наслов „Конечно слободен“. Злосторствата за кои тој беше ослободен беа опишани во детали, а текстот содржеше и изјави од членови на неговото семејство и од адвокатите.

Во истото издание имаше и репортажа од Витез, а беше објавен и коментар на премиерот, Иво Санадер, кој изјави дека ќе се спроведе истрага за прикривање на документите што на крајот му помогнаа на Блашкиќ.

Ден по пресудата, на насловната страница на „Вечерњи лист“ стоеше насловот: „Блашкиќ издржуваше казна за некого друг“, со што се сугерираше дека тој издржувал затворска казна за злосторства што ги извршил некој друг.

Неколку дена подоцна, колумнистите на „Јутарњи лист“ го нарекоа Блашкиќ „жртва на режимот на Туѓман“ и „невин човек“. Активистот за човекови права, Иван Звонимир Чичак, беше единствениот што истакна дека Блашкиќ ја издржувал својата, а не туѓа казна.

Откако Блашкиќ пристигна на аеродромот во Загреб, „Вечерњи лист“ објави голем текст за неговиот дочек, во кој стоеше дека британски турист кој се наоѓал на истиот лет како и Блашкиќ, прашал дали командантот е sвезда „како Дејвид Бекам“.

Некои колумнисти на „Вечерњи лист“, како Звонимир Деспот, спореа со заклучокот дека Хрватска водела офанзивна војна во БиХ, цитирајќи го американскиот историчар, Чарлс Р. Шредер, кој изјави дека Бошњаците во централна БиХ ги напаѓале Хрватите, кои само се бранеле.

Признавањето на вината, без внимание: случаите Брало и Рајиќ

Текстот во „Јутарњи лист“, за пресудата на Мирослав Брало

Првиот поранешен член на ХВО што ја призна вината и изрази каење, беше Мирослав Брало, наречен Цицко, поранешен член на единицата на ХВО „Џокери“. Тој беше обвинет за вмешаност во убиствата во селото Ахмиќи, како и за силување, нехумано постапување со затворениците и учество во уништувањето на локалната џамија.

И покрај тоа што се изјасни за невин на почетокот на судењето, Брало, во текот на судењето, се изјасни за виновен по сите точки од обвинението, се согласи да соработува со обвинителството и откри место на кое се наоѓаа останките на една од жртвите.

Брало напиша изјава во која истакна дека се кае за злосторствата, што е еден од ретките вакви гестови во историјата на Хашкиот трибунал. Тој е единствениот поранешен војник на ХВО, што го стори тоа.

Бидејќи се изјасни за виновен и соработуваше, Судскиот совет го осуди на 20 години затвор, но оваа пресуда привлече малку внимание во хрватските медиуми.

„Јутарњи лист“ имаше извештај во кој беа наведени сите кривични дела за кои беше осуден Брало. Голем дел од текстот беше посветен на признанието на вината и на неговото каење, додека во „Вечерњи лист“ова не беше спомнато.

Во мај 2006 година, беше осуден и Ивица Рајиќ, командант на единицата на ХВО во Кисељак, град во централна БиХ.

Рајиќ беше познат и како Виктор Андриќ. Тој го презеде овој идентитет по војната, кога вестите за неговите злосторства го привлекоа меѓународното внимание.

Тој беше обвинет за командување со напад врз селото Ступни До, централна БиХ, во октомври 1993 година, кога неговата единица уби најмалку 37 Бошњаци, вклучувајќи жени, деца и постари лица, и го уништи селото. Истиот месец неговите војници го нападнаа и го ограбија градот Вареш, затворајќи околу 250 Бошњаци, како и неколку Хрвати кои се спротивставија на апсењето.

Рајиќ најпрво се изјасни за невин, но во 2005 година призна дека ги извршил злосторствата, се покаја и започна да соработува со обвинителството.

Тој беше осуден на 12 години затвор. На оваа пресуда тој не поднесе жалба.

Сепак, хрватските медиуми не посветија многу внимание на неговото судење. Така, „Вечерњи лист“ објави само кратка вест со клучните детали. Еден ден подоцна, „Вечерњи лист“ имаше и краток извештај од Ступни До, каде здруженијата на поранешните логорски затворенци објавија дека ќе поднесат тужба против ХВО и Хрватска.

Осудени водачите на Херцег-Босна: случајот Прлиќ и другите

Извештајот објавен во „Вечерњи лист“, за пресудата во предметот „Прлиќ и другите“

 

Во мај 2013 година, Судскиот совет на МКТЈ прогласи шест високи функционери на Херцег-Босна – Јадранко Прлиќ, Бруно Стојиќ, Слободан Праљак, Миливој Петковиќ, Валентин Чориќ и Берислав Пушиќ – за виновни за злосторства над Бошњаци, извршени во осум општини и пет центри за притвор, помеѓу 1992 и 1994 година.

Злосторствата вклучуваат злоупотреба на затвореници, незаконско приведување на цивили, убивање цивили и спречување на испорака на хуманитарна помош.

Особено е важен еден елемент на пресудата, а тоа е заклучокот дека сите обвинети учествувале во здружен злосторнички потфат, предводен од хрватскиот претседател, Фрањо Туѓман, хрватскиот министер за одбрана, Гојко Шушак и началникот на Генералштабот на хрватската војска, Јанко Бобетко. Планот на овој потфат бил да се формира хрватски ентитет во БиХ, преку етничко чистење на бошњачкото население.

Медиумите ја претставија оваа вест како негативна за Хрватска, а на насловната страница на „Вечерњи лист“ беше објавен оптимистичен наслов: „Пресудата може да се поништи“.

Извештајот од судницата се фокусираше на наодите за постоење на здружен злосторнички потфат, предводен од Туѓман. Давор Иванковиќ, колумнист на „Вечерњи лист“, изрази надеж дека пресудата може да биде поништена, истакнувајќи дека Хрватска треба да биде вклучена во жалбениот процес, за да се негира вмешаноста на Хрватска или Туѓман во војната во БиХ.

Весникот, исто така, пишуваше и за уништувањето на Стариот мост во Мостар, од страна на ХВО. Судскиот совет утврди дека мостот бил „легитимна воена цел“, а весникот ова го опиша како „победа на Праљак“, бидејќи тој беше решен да покаже дека не е одговорен за неговото уништување.

„Јутарњи лист“ имаше слична насловна страница посветена на пресудата, со наслов „Пресуда: Шест Хрвати осудени за Туѓман и Шушак“.

Насловот на извештајот од судницата гласеше: „Судот одлучи: Вие го имплементиравте воениот план на Туѓман, Шушак и Бобетко“. „Јутарњи лист“  детално ги опиша сторените злосторства и даде краток преглед на различното мислење на хашкиот судија, Жан-Клод Антоанети, кој, според весникот, рекол дека „Хрватите не биле агресори во БиХ“.

Во весникот беше објавен и помал придружен текст со реакции на хрватскиот премиер, Зоран Милановиќ и на претседателот, Иво Јосиповиќ. Додека Јосиповиќ одби да коментира, Милановиќ рече дека „здружениот злосторнички потфат е измислица“.

Следниот ден, „Јутарњи лист“ излезе со подолг текст за богатството на семејствата Прлиќ, Стојиќ и Праљак, и нивните интереси во градежништвото, банкарството, бизнисот со нафта и со оружје. Репортерот на овој весник од Хаг, Сњежана Павиќ, имаше краток текст во кој го постави прашањето, зошто Хашкиот трибунал го окарактеризира Туѓман како агресор, а не го направи истото и за претседателот на Србија, Слободан Милошевиќ.

Еден ден подоцна, „Вечерњи лист“ ги објави реакциите на запрепастување на функционерите, кои го осудија тоа што Прлиќ беше прогласен за одговорен и за силувањата вршени во селата во Херцег-Босна.

Весникот ја спореди должината на вкупните казни изречени на Хрватите за злосторства извршени врз Бошњаците, со казните изречени на Бошњаците за злосторства над Хрватите.

Самоубиството го сврте вниманието: случајот Прлиќ и другите

Текстот во „Вечерњи лист“, за самоубиството на Слободан Праљак

Во ноември 2017 година, Жалбениот совет на МКТЈ, ги отфрли повеќето жалби на одбраната во случајот „Прлиќ и другите“, и го потврди својот став за постоење на здружен злосторнички потфат, во кој учествувале Туѓман и други високи официјални лица на Загреб.

Советот ја потврди првостепената пресуда и им ги изрече истите казни на шестмината обвинети, но тие пресуди не беа вест на денот.

Имено, кога судијата, Кармел Агиус, почна да му ја чита пресудата на Праљак, поранешниот генерал на хрватската војска и на ХВО, испи отров во судницата.

Повеќето хрватски мејнстрим медиуми се занимаваа со самоубиството на Праљак, претставувајќи го во своите текстови како жртва, а целиот настан како трагедија.

„Јутарњи лист“ на својата насловна страница објави фотографија од Праљак како го пие отровот, со насловите: „Ужасен крај на Хашкиот трибунал“ и „Праљак испи отров, не сакаше да живее со оваа пресуда“.

Сите други коментари на насловните страници го прикажаа Праљак како херој, кој го потенцираше „неморалот“ на пресудата или укажуваа на безбедносните пропусти, кои дозволија отровот да биде внесен во судницата.

На насловната страница на „Вечерњи лист“, беа цитирани последните зборови на Праљак: „Јас не сум злосторник, и со презир ја отфрлам вашата пресуда“.

На насловната страница се најдоа и реакции на луѓе кои беа шокирани и разочарани, но, кои, исто така, изразуваа надеж дека Хрватска може да иницира ревизија на пресудата.

И „Јутарњи лист“ и „Вечерњи лист“, најистакнато место ѝ дадоа на изјавата на хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, која рече дека самоубиството на Праљак најдобро зборува за „длабоката морална неправда кон шестмината Хрвати од БиХ и кон хрватскиот народ“.

„Вечерњи лист“ ги посвети првите десет страници од весникот на самоубиството на Праљак, фокусирајќи се на неговите наводни добри дела. Дописникот од БиХ, Јозо Павковиќ, напиша дека МКТЈ ќе остане запаметен по својата „последна претстава, во која го уби хрватскиот генерал и сериозно обвини еден народ“ и додаде дека пресудата ќе го спречи идното помирување на Хрватите и Бошњаците.

Колумнистот на „Вечерњи лист“, Давор Иванковиќ, напиша дека самоубиството на Слободан Праљак е почесен потег „достоен за последниот самурај“ и дека тоа ќе ги обедини поделените Хрвати.

Некои написи во „Вечерњи лист“, беа фокусирани на злосторствата што врз Хрватите ги изврши Армијата на БиХ, кои не беа процесирани ниту од Хашкиот трибунал, ниту од властите во Сараево.

Следниот ден, „Вечерњи лист“ повторно ја посвети својата  насловна страница на Праљак и ги истакна клучните елементи што доведоа до пресудата, споредувајќи го заклучокот за здружен злосторнички потфат, со претходните заклучоци на Трибуналот, за улогата на Белград во војната во БиХ.

„Јутарњи лист“ објави текстови кои се фокусираа на злосторствата извршени од ХВО и на наводните крајни цели на Херцег-Босна – обединување на оваа територија со Хрватска, но и различни мислења на интелектуалци и активисти, за пресудата.

Додека „Јутарњи лист“ во следните денови се фокусираше на деталите од истрагата за смртта на Праљак и на прошталното писмо што тој ѝ го остави на својата ќерка, „Вечерњи лист“ продолжи да го брани ставот дека Хрватска не била агресор во БиХ.

А Иво Лучиќ, хрватски историчар и поранешен шеф на разузнавачката агенција на ХВО, напиша проштален текст за Слободан Праљак, со наслов: „Судиите до смрт ќе се прашуваат – што ако осудивме невин човек“.