Вести

Студентите протестираат: „Вистината е на наша страна“

Додека организаторите од Студентскиот пленум официјално го започнаа денешниот протест на студентите, од сите приоди кон зградата на Владата се движат реки студенти. Тие трет пат по ред го искажуваат својот револт против воведувањето на државниот испит на факултетите и новите измени на Законот за високо образование. Овој пат се поддржани од повеќе од стотина нивни професори, синдикати и невладини организации

Ова е трет по ред протест на студентите против измените на Законот за високо образование и воведувањето на државен испит | Фото: М.Јордановска

Ова е трет по ред протест на студентите против измените на Законот за високо образование и воведувањето на државен испит | Фото: М.Јордановска

Со зборовите „Вистината е на наша страна, бараме да нè чуете“ претставници на Студентскиот пленум го започнаа протестот на студентите и нивните професори против воведувањето на државниот испит и новите измени на Законот за високо образование.

Додека организаторите ги изговараа овие зборови, од сите приоди кон зградата на Владата се движат реки студенти. Наоколу може да се чуе гласно скандирање на зборовите „Сега ќе не слушнете!“, свиркање и извици. Денешниот протест започна во 14 часот, а ќе се одржува само пред објектот на извршната власт.

Меѓу денешните пораки до носителите на измените кои студентите ги испишаа на нивните банери може да се прочитаат „Ние студираме, вие профитирате“, „Одмазда на поранешни повторувачи“, „Перење на мозок“, „Вратете ни ги другарите од Америка“, а нивните професори порачаа „Сите сме на испит пред студентите“ | Фото: М.Јордановска

Меѓу денешните пораки до носителите на измените кои студентите ги испишаа на нивните банери може да се прочитаат „Ние студираме, вие профитирате“, „Одмазда на поранешни повторувачи“, „Перење на мозок“, „Вратете ни ги другарите од Америка“, а нивните професори порачаа „Сите сме на испит пред студентите“ | Фото: М.Јордановска

Ова е трет по ред протест на студентите, откако претходниот пат на маршот на студентите се собраа повеќе од 10 илјади демонстранти што беше најмасовниот студентски протест од осамостојувањето на Македонија. Во меѓувреме, зад своите студенти застанаа над 100 еминентни професори од македонските универзитети.

Меѓу денешните пораки до носителите на измените кои студентите ги испишаа на нивните банери може да се прочитаат: „Ние студираме, вие профитирате“, „Одмазда на поранешни повторувачи“, „Перење на мозок“, „Вратете ни ги другарите од Америка“, а нивните професори порачаа „Сите сме на испит пред студентите“.

Кон протестите организирани од Студентскиот пленум се приклучи и Сојузот на студенти Албанци. Тие повикаа на протестот да излезат ученици, родители, професори и сите граѓани.

„Јас, како студент на Државниот универзитет во Тетово, им се обраќам на студентите од овој универзитет да не потпаднат пред заканите и притисоците од разни лица. Дојдете да се соединиме и да одлучиме за нашата иднина“, рече Даим Лучи, Сојуз на студентите Албанци,пренесе Алсат – М.

Ректорската управа на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ денеска побара одложување на измените на Законот за високо образование со кои се воведува државен испит. Барањето било потпишано од ректорот, проректорите и сите 23 декани и директори на институции што присуствувале на состанокот.

Последниот протест на студентите на кој присуствуваа повеќе од 10.000 демонстранти беше окарактеризиран како најмасовен студентски протест во историјата на Македонија | Фото; М.Јордановска

Последниот протест на студентите на кој присуствуваа повеќе од 10.000 демонстранти беше окарактеризиран како најмасовен студентски протест во историјата на Македонија | Фото; М.Јордановска

Дел од академската заедница во меѓувреме испрати писмо до Собранието со кое бараше учество на претставници на академската заедница и на Студентскиот пленум на седницата на Комисијата за образование, наука и спорт, кога ќе се одржи првото читање на предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за високо образование што се одржа денеска во 10 часот.

Писмото беше потпишано од професорката Билјана Ванковска со поддршка од повеќе професори од различни универзитети.

„Иако имавме печат од архива и лично го поднесовме барањето, не добивме никаков повратен одговор“, изјави Ванковска за БИРН.

Собраниската седница на која ќе се расправа за предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за високото образование е закажана два дена пред Новата година, на 29 декември.

drzaven ispit (11)-2