Регион

Трета верзија на обвиниението за убиството на Оливер Ивановиќ

  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  

Оливер Ивановиќ во Белград, во 2011 година. Фото: Медиа центар

Во третата верзија на обвинението против осомничените за убиство на Оливер Ивановиќ, извршено во Митровица во 2018 година, се вели дека уште две осомничени лица, членови на наводната организирана криминална група, се одговорни за убиството, но нивниот идентитет не се открива.

„Сега се споменуваат уште двајца обвинети, чиј идентитет не се споменува, но само се вели дека покрај овие лица (кои првично се обвинети), во организираната криминална група учествувале уште две лица“, изјави за БИРН, Јована Филиповиќ, адвокат на осомничената Силвана Арсовиќ.

Освен ова, во третата верзија на обвинението, има малку измени, забележуваат адвокатите на осомничените.

Покрај овие две неименувани лица, обвинети за убиството се и Недељко Спасојевиќ, Марко Рошиќ, Силвана Арсовиќ, Драгиша Марковиќ, Жарко Јовановиќ и Раде Басара.

Во првото обвинение, поднесено во декември 2019 година, беше наведено дека Спасојевиќ, Росиќ и Басара дејствувале „ како организирана криминална група, заедно со Милан Радоичиќ, Звонко Веселиновиќ и Жељко Бојиќ, кои се на слобода и со намера … учествувале во криминалните активности на групата, знаејќи дека таквото учество ќе придонесе за спроведување на криминални активности“ .

Радоичиќ и Веселиновиќ се истакнати Срби од Косово, додека Бојиќ е поранешен командир на оперативната косовска полиција, задолжен за северот.

Спасојевиќ, Марковиќ, Јовановиќ и Басара, пред да бидат уапсени, работеле како полицајци во косовската полиција.

Арсовиќ е поранешна административна службеничка во партијата на Ивановиќ. Со второто, изменето обвинение од јануари 2020 година, таа беше обвинета дека била дел од организираната криминална група.

Таа е обвинета дека, како единствена личност присутна во седиштето на партијата, кога Ивановиќ бил убиен пред седиштето, ја исклучила електричната енергија, за да ги оневозможи безбедносните камери.

Филиповиќ додава дека третата верзија на обвинението ги товари Арсовиќ, Спасојевиќ, Рошиќ и Басара за „тешко убиство“, а не за „помагање и поддршка на извршувањето на тоа дело“.

Таа нагласи дека тоа значи оти, за разлика од претходните верзии на обвинението, тие сега се товарат како „сторители, а не помагачи“.

Фарук Кореница, адвокат на Спасојевиќ, за БИРН дека изјави има „само технички измени“ во новото обвинение.

Ивановиќ беше лидер на партијата „Слобода, демократија, правда“. Иако претходно се сметаше за тврдокорен националист, тој стана умерен политичар, кој се залагаше за соживот на српското малцинство и албанското мнозинство во Косово.

Тој стана и гласен критичар на Владата во Белград.

Пред да биде убиен, нему, во обновена постапка, му се судеше по обвинение дека дал наредба за убиство на Албанци во Митровица, за време на војната на Косово во 1999 година. Тој се изјасни дека не е виновен.

Milica Stojanovic and Xhorxhina Bami