Регион

Уапсен поранешен полицаец осомничен за убиство на воени затвореници

  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  

Припадници на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) на БиХ. Фото: СИПА

Обвинителството на Босна и Херцеговина објави дека Душан Ќулибрк, припадник на резервниот полициски состав во Босанска Крупа, е уапсен утрово во областа Доњи Дубовик, општина Крупа на Уна, за наводни злосторства врз цивили.

„Ќулибрк Душан наречен Ќуле е обвинет за убиство на 44 затвореници од логорот ‘Омарска’, извршено на локалитетот Доњи Дубовик, во летото 1992 година“, се вели во соопштението на Обвинителството на БиХ.

Според соопштението, затворениците биле земени од логорот „Омарска“, кој бил управуван од силите на босанските Срби, со образложение дека ќе бидат ослободени со размена на затвореници, но наместо тоа, тие биле префрлени на локалитетот на јамата „Лисац“, во областа Доњи Дубовик, и стрелани.

Според Обвинителството на Босна и Херцеговина, на почетокот на август 1992 година, Ќулибрк убил и група од седум цивили, Бошњаци, кои се движеле во правецот од Приедор кон Бихаќ.

Како што е нагласено од оваа институција, во рамките на истиот случај, осомничен е и Милорад Котур, кој е пронајден и сослушан на територијата на Република Србија.