2. Должина на написите

Пораст на големите и намалување на кратките написи: Во 2016 година, на написите кои се однесуваат на темите од поширок општествен интерес им е даден значително повеќе простор во однос на 2013 година. Сега, дури две третини од написите се долги (66%), додека во 2013 година, долги биле само малку повеќе од една третина од нив (38%). Спротивно, во 2016 година имало двојно помалку кратки написи, во однос на 2013 година. Иако станува збор за теми од поширок општествен интерес за кои, очекувано, новинарските написи треба да бидат поголеми, сепак, анализираните написи се со најразлична должина. Доминираат долгите написи (66%), а значително помалку има написи со средна должина (19%) и кратки (15%).

Споредено со претходниот мониторинг, има значителен напредок во оваа смисла, односно двојно е зголемен бројот на подолгите написи, за сметка на кратките, двојно намалени написи. Ова значи дека на овие теми кои се од пошироко општествено значење и интерес во 2016 година им се отстапува значително повеќе простор во медиумите, отколку во 2013 година.