8. Статус на изворите

Повеќе наведени, а помалку анонимни извори: Бројот на написите со наведени извори е зголемен за сметка на намалувањето на бројот на написите со анонимни или без извори.

Кај статусот на изворите и натаму доминираат написите со наведени извори (88%), додека само во 2% од написите изворите се анонимни. И наведени и анонимни извори има во 8% од написите, а 2% немаат никакви извори.

Кога станува збор за статусот на изворите, има мало, но не и неважно подобрување, бидејќи е зголемена процентулната застапеност на написите со наведени извори од 86% на 88%, а намален бројот на написите само со анонимни извори од 3% на 2%. Зголемен е и бројот на написите и со двата вида извори, односно и наведени и анонимни од 4% на 8%, а намален бројот на написите без извори од 7% на 2%.