Регион

Поранешен припадник на ВРС ослободен од обвинение за воено силување

Поранешниот логор Сушица, во Власеница | Фото: БИРН

Адвокатот на Гојголовиќ, Миодраг Стојановиќ, изјави денеска за БИРН дека Окружниот суд во Источно Сараево го ослободил неговиот клиент од обвиненијата „поради недостиг на докази“.

За време на војната, Гојголовиќ бил член на територијалната одбрана на Власеница, а подоцна и припадник на дринскиот корпус на ВРС.

Тој беше суден по обвинение за силување и тепање на притвореничка, во логорот Сушица, во Власеница, во јуни 1992 година.

Ова е првостепена пресуда и може да се обжали.