Одлепени фасади и плочки, плочници што се закана по безбедноста на пешаците, нефункционални фонтани, стиропор што се рони, проблеми со законите на физиката…
Ова е сликата за „Скопје 2014“, единаесет години по објавата на проектот кој му направи градежна тетоважа на лицето на главниот град.
Скопје оттогаш не е исто. Една прошетка низ центарот е доволна за да се види леснотијата и брзината со која биле градени објектите, но и пропустите, кои, за да се констатираат не треба стручна подготовка.
Фото-објективот на БИРН „улови“ како изгледа распадот на мегаломанскиот проект кој „изеде“ близу 700 милиони евра пари од граѓаните, а кривичната правда за ова дело уште се срами да се соочи со Јустиција.
Додека тоа да се случи, очигледно е дека за некои од објектите е потребна итна санација.
Земи си мермер „за по дома“
Ограда од стиропор како експонат пред МНТ
„Шарени“ столбови од мувла пред Археолошкиот музеј
Не е злато се` што сјае
Погоди кој е под споменикот на Неџат Аголи
Потпри за да стои!
Мини – „античка“ бара по секој дожд
Фасаден украс што „ѕирка и проѕирка“
Ограда „скарана“ со законите на физиката
Споменик што „губи тло под нозе“
Промаши го плочникот пред Обвинителството
Сечено и лепено МНР
Бојата како меморија на оградата на мостот кај „Холидеј ин“
Ограда „што се соблекува“ на мостот „Гоце Делчев“
Воинот на коњ, не може „да ги доварди“ плочките
Столпчиња како шаховски фигури во дворот на „златниот“ МНТ
Постамент поголем од споменикот
Продолжи го (дис)континуитетот