Вести

Споделете го вашето искуство: Бременост и раѓање

  • 6
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  

Photo by Rene Asmussen from Pexels

Би сакале да слушнеме мајки, членови на семејства или блиски пријатели што би сакале да споделат искуства и да го помогнат истражувањето за мајчинската грижа и недостатоците во системот. Прочитајте подолу за повеќе информации.

Клучните информации што сакаме да ги знаеме:

  • Каков тип компликации сте доживеале вие или ваш член на семејството за време на раѓањето?
  • Какви типови животозагрозувачки компликации се појавија?
  • Која беше причината?
  • Каков беше медицинскиот третман?
  • Дали имавте потреба да поднесете жалба или тужба?

Што е тоа што го сметаме за компликации при раѓањето:

  • Голема загуба на крв кај мајката
  • Смрт или загрозен живот на детето
  • Смрт или загрозен живот на мајката

Забелешки:

 

Нема да објавиме никакви документи или имиња без претходна согласност и не планираме да употребуваме конкретни примери, туку да покажеме една општа слика за системските проблеми. Вашите одговори се сигурни и енкриптирани.

Вашите приказни ќе ни помогнат при тековното истражување.

Како да се вклучите?

За да го споделите вашето искуство, се што е потребно е да го пополните овој формулар.

Ве молиме да ни ги испратите вашите искуства до полноќ на 14 март 2021 година.