Портпаролка на британскиот Форин Офис го поздравува изборот на нов Претседател на Собранието и апелира за непречен и ненасилен трансфер на власта на избраната мнозинска коалиција.
Во Македонија има политичка криза од 2015 година. Во декември минатата година се одржаа предвремени парламентарни избори. На 1 март 2017 година, јасно мнозинство на избраните пратеници во декември, побараа да формираат Влада. Сепак, Претседателот Иванов не го понуди мандатот за мнозинската коалиција да може да формира влада. На 27 април беше избран Претседател од страна на Парламентот на Македонија.
Портпаролка на Форин Офисот изјави: „Обединетото Кралство ја поддржува демократската одлука на мнозинството пратеници во Македонија да го изберат Талат Џафери за Претседател на Собранието. Подготвени сме за претстојната соработка со него.
Ги повикуваме сите лица, институции и партии да овозможат непречен и ненасилен трансфер на власта од претходната владеачка партија кон мнозинската коалиција избрана во декември 2016 година. Колку побрзо се формира влада, толку побрзо ќе може да започне спроведувањето на итните реформи за доброто на граѓаните на Македонија.
Во време на засилени тензии, сите лидери треба да се воздржат од загревање на етничките тензии. Секое такво однесување е опасно и спротивно на интересите на националното единство на Македонија.
Имајќи го предвид неприфатливото насилство од 27 април, исто така апелираме државните институции, особено полицијата да им биде овозможено да ги извршуваат своите обврски без политичко влијание.“