Вести

Граѓаните го прегрнаа ГТЦ за да го одбранат од барок

Скопјани ги слушнаа и аргументите на архитектите и интелектуалците зошто ГТЦ треба да не го менува ликот, а потоа фатени за раце го заобиколија модернистичкиот објект од седумдесетите и демонстративно „го гушнаа“ еден од главните симболи на градот.

Граѓаните и архитектите храбро се собраа на студено време со интензивни врнежи од снег | Фото: Синиша Јаков Марушиќ

Граѓаните и архитектите храбро се собраа на студено време со интензивни врнежи од снег | Фото: Синиша Јаков Марушиќ

Снегот кој интензивно врнеше вчера не ги подвоуми граѓаните кои не се согласуваат со новиот барокен лик на Градскиот трговски центар во Скопје да се соберат во огромен број.

Фатени за раце, скопјани го заобиколија модернистичкиот објект од седумдесетите и демонстративно „го гушнаа“ еден од главните симболи на градот.

Пред „прегрнувањето“, скопјани можеа да ги слушнат аргументите на архитектите и интелектуалците зошто ГТЦ треба да не го менува ликот | Фото: Синиша Јаков Марушиќ

Пред „прегрнувањето“, скопјани можеа да ги слушнат аргументите на архитектите и интелектуалците зошто ГТЦ треба да не го менува ликот | Фото: Синиша Јаков Марушиќ

Акцијата беше поддржана и од Асоцијацијата на архитекти на Македонија.

„ГТЦ мора да остане отворен, прооден за движење на пешаците, функционален, автентичен и урбан. Тој е нашиот модернистички бисер, дел од културното наследство и неразделив дел од скопскиот идентитет“ изјавија од ААМ пред насобраните.

Пред „прегрнувањето“, скопјани можеа да ги слушнат аргументите на архитектите и интелектуалците зошто ГТЦ треба да не го менува ликот, а беше организирана и забава со настапи на музичари.

Фатени за раце, скопјани го заобиколија модернистичкиот објект од седумдесетите и демонстративно „го гушнаа“ | Фото: Порта 3

Фатени за раце, скопјани го заобиколија модернистичкиот објект од седумдесетите и демонстративно „го гушнаа“ | Фото: Порта 3

Во текот на минатата недела ААМ собра над 10.000 потписи на жители на околината на ГТЦ како поддршка на иницијативата да се спречи „затворањето“ на објектот во барокна фасада.