Вести

Кежаровска: Неизвесноста нè убива!

Второстепениот суд донесе одлука по жалбата што ја поднесе новинарот Тиомислав Кежаровски пред повеќе од 2 недели, но сè уште не ја соопштува во јавноста. Сопругата на Кежаровски вели дека судот се изживува со животот на нејзиниот сопруг

„Секоја минута паѓаме во сè поголем очај, неизвесноста буквално нè уништи“, вели Марина Кежаровска, сопруга

Што им згреши, за вака да го мачат?, прашува сопругата на новинарот Томислав Кежаровски, Марина

Што им згреши, за вака да го мачат?, прашува сопругата на новинарот Томислав Кежаровски, Марина

на новинарот Томислав Кежаровски кој е осуден на 4,5 години затвор и сè уште го чека одговорот на жалбата од Апелацискиот суд.

Пред повеќе од две недели второстепениот суд донесе одлука по жалбата што ја поднесе Кежаровски. Судијата Сафет Кадриу тогаш за БИРН изјави дека одлуката ќе се соопшти откако ќе биде верифицирана, а предвиде дека тоа најверојатно ќе се случи за пет дена. Оттогаш, поминаа 15 дена, а семејството Кежаровски е во исчекување за тоа каква ќе биде судбината на новинарот.

БИРН се обиде да стапи во контакт со судијата Кадриу, но од судот ни изјавија дека во текот на целиот ден ќе биде на судење. Од скопскиот кривичен суд пак, каде што треба да биде испратена одлуката, а потоа распределена кај странките, велат дека немаат никакви информации.

„Не знаеме ништо. Чекаме да ни ја достават и тогаш ќе излеземе со соопштение“, велат од Основниот суд Скопје 1.

Ниту адвокатот Филип Медарски не знае зошто се чека повеќе од 2 недели за да се соопшти одлуката.

Во меѓувреме, семејството на Кежаровски живее во очај. Марина Кежаровска за БИРН вели дека ваквото однесување на судските органи е изживување врз туѓ живот.

„Сакам јавно да прашам, која е причината за молкот на судските органи? Барем нека кажат, веќе сме помирени

Томислав Кежаровски повеќе од една година е во домашен притвор

Томислав Кежаровски повеќе од една година е во домашен притвор

со сè. Ова не би го посакала ни на најголемиот душман. Буквално сме блокирани. Сè е на мој грб. Ако мене ме издаде силата, ќе нема кој да оди леб да ни купи, бидејќи Томче не смее да излезе. Што им згреши човекот толку за вака да го мачат“, вели Кежаровска.

Петмината апелациски судии можат да ја укинат затворска казна на која беше осуден Кежаровски и да го вратат предметот на повторно одлучување, можат да ја потврдат првостепената пресудата, или пак да донесат нова пресуда. Каква одлука донеле, останува неизвесно.

Во 2013 година, кривичниот суд во Скопје го осуди Кежаровски на 4,5 години затвор. Тој помина 6 месеци во истражниот затвор во Шуто Оризари, а лани од октомври е во домашен притвор. Тој се жалеше на пресудата, а жалбата веќе два месеци се наоѓа во Апелацискиот суд.

Процесот против новинарот предизвика реакции од меѓународни организации и новинарски здруженија, а се појавува како црна точка во сите извештаи за медиумските слободи во Македонија.