Вести

Новинарот Кежаровски спроведен во затвор

„Томче по втор пат ја преживува голготата во затворот во Шуто Оризари, а со него и ние, неговото семејство. Да не дозволиме да му фали влакно од главата. Искрено, по ова експресно приведување, се сомневам во сè!“, гласи пораката на сопругата на Кежаровски, Марина

Со полиција и со лисици на рацете вечерва новинарот Томислав Кежаровски беше пренесен во истражниот затвор во Шуто Оризари. Тој наредниве 3 месеци и 10 дена ќе ги помине зад решетки.

Кежаровски беше спроведен неполни 24 часа откако беше објавена одлуката на Апелацискиот суд, со која тој беше осуден на затворска казна од две години.

Полицијата го изнесува Кежаровски од неговиот дом на издржување на затворската казна | Фото: Роберт Атанасовски

Новинарската фела веднаш по дознавањето на веста се крена на нозе. Дваесетина колеги на Кежаровски се упатија кон истражниот затвор со транспаренти во рацете на кои пишуваше „И јас сум Кежаровски“. Тој им упати поздрав на неговите колеги од автомобилот, додека влегуваше во истражниот затвор.

Кежаровски им мавна на колегите од задното седиште на автомобилот | Фото: Кристина Озимец

„Шокирани сме од брзината која е непозната во историјата на македонското судство за така експресно спореведување на казната“, вели претседателката на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Тамара Чаусидис.

„Ние како новинари сме запрепастени и прашуваме што толку е опасен Томислав Кежаровски. Што е толку опасно македонското новинарство за вака експресно тој да се најде во затвор“.

Колегите го чекаа Кежаровски пред истражниот затвор

Адвокатот на Кежаровски Филип Медарски сè уште ја нема добиено одлуката на Апелацискиот суд. Тој за одлуката се информирал само преку медиумите, а на Кежаровски му била доставена лично, вечерва во неговиот дом, пред да биде спроведен во истражниот затвор.

Веднаш по неговото спроведување, неговата сопруга Марина Кежаровска се обрати преку социјалните мрежи.

„Драги пријатели, Томче по втор пат ја преживува голготата во затворот во Шуто Оризари, а со него и ние, неговото семејство. Да не дозволиме да му фали влакно од главата. Искрено, по ова експресно приведување, се сомневам во сè!“

Во вторник во 12 часот ќе се одржи голем протест пред Апелацискиот суд.

За пресудата против Кежаровски известен е Советот на Европа, специјалниот известувач за слобода на изразување на Обединетите нации Френк Ла Ру, како и преставничката на ОБСЕ за медиуми Дуња Мијатовиќ.

Мијатовиќ веќе се огласи преку социјалните мрежи со тврдење дека случајот испраќа порака за спроведување „ладнокрвна цензура“ во Македонија.