Вести

Пресудата за Кежаровски е казна за сите новинари

Бројни реакции пристигнуваат од новинарските здруженија и од меѓународните организации откако вчера Апелацискиот суд го осуди новинарот Томислав Кежаровски на затворска казна од две години. „Тој невин ја издржува оваа казна“, вели неговата сопруга Марина.

Семејството Кежаровски е во шок, откако вчера Апелацискиот суд го осуди новинарот Кежаровски на казна од 2

Тој невин ја издржува оваа казна, вели сопругата на Кежаровски, Марина | Фото: Фејсбук

Тој невин ја издржува оваа казна, вели сопругата на Кежаровски, Марина | Фото: Фејсбук

години затвор.

„Доживеавме уште еден шок, уште една траума. А бидејќи многумина ни се јавија и ни рекоа „добро е“, ги прашувам – што е добро? Апелација не му ја намали казната, Апелација го осуди на две години. Тој е осуден! Тој невин ја издржува оваа казна“, вели за БИРН сопругата на Кежаровски, Марина.

Соопштението на судот за затворската казна за случајот „Ликвидација“, беше објавено вчера доцна попладнето, а наиде на жестоки реакции од новинарската фела.

Кежаровски презеде тешка задача да го брани новинарството

Од Иницијативниот одбор за поддршка на Кежаровски велат дека преиначувањето на пресудата за Кежаровски, кој првично беше осуден на затворска казна од 4,5 години, значи казна за сите новинари во Македонија.

„Со пресудата за Кежаровски му е пресудено на новинарството како чувар на демократијата, откривач на вистината и злоупотребите, наспроти опортунизмот и конформизмот на пропагандата во служба на власта“, вели Чаусидис.

„Кежаровски е осуден правосилно за објавен текст и за одбивање да го каже изворот. Тој на себе ја презеде тешката задача да го брани интегритетот на македонското новинарство и затоа казната за него е казна за сите нас. Со пресудата за Кежаровски му е пресудено на новинарството како чувар на демократијата, откривач на вистината и злоупотребите, наспроти опортунизмот и конформизмот на пропагандата во служба на власта“, вели Тамара Чаусидис од Самостојниот синдикат на новинари ССНМ.

Здружението на новинари на Македонија (ССНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Иницијативниот одбор за ослободување на Кежаровски денеска во 11 часот организираат протест пред зградата на Апелацискиот суд.

„Ние немаме намера да се помириме со ваквото пазарџиско однесување на судот на сметка на нашите права и слободи“, вели Селмани

„Се сомневам дека оваа одлука е политички мотивирана. Власта со неа сака да направи рамнотежа во стилот ’ем волкот сит, ем овците на број’. Кежаровски да се казни, да не го пратат во затвор и останатиот дел од казната од три месеци да ги одлежи во домашен притвор. Ние немаме намера да се помириме со ваквото пазарџиско однесување на судот на сметка на нашите права и слободи, како што се слободата на говорот и на информирањето, загарантирани во македонскиот Устав“, напиша претседателот на ЗНМ Насер Селмани на неговиот профил на Фејсбук.

Репортери без граници: Апсурдна одлука!

Веста за пресудата против новинарот Томислав Кежаровски брзо стигна и до претставниците на меѓународните

Кристијан Мир: Кежаровски направи една единствена грешка, а тоа е што ја критикуваше власта | Фото: M. Јордановска

Кристијан Мир: Кежаровски направи една единствена грешка, а тоа е што ја критикуваше власта | Фото: M. Јордановска

организации, кои будно го следеа целиот процес.

Кристијан Мир, извршен директор на „Репортери без граници“ од Берлин за БИРН изјави дека станува збор за „апсурдна одлука“.

„Најостро ја осудуваме затворската казна против Кежаровски. Тоа е една апсурдна одлука. Кежаровски направи една единствена грешка, а тоа е што ја критикуваше власта. Ние, и покрај оваа судска одлука, остануваме на ставот дека нема ништо лошо во тоа“.

Од „Репортери без граници“ најавија поопширно соопштение и реакција за случајот во текот на денот.

Попрецизни детали за тоа каква ќе биде судбината на Кежаровски се очекуваат денеска од Основниот суд Скопје 1.

Во 2013 година, кривичниот суд во Скопје го осуди Кежаровски на 4,5 години затвор. Тој од мај до октомври 2013 година казната ја издржуваше во истражниот затвор во Шуто Оризари, а оттогаш е во домашен притвор.

Со оглед на тоа што првостепната казна сега е преполовена, на Кежаровски му остануваат помалку од четири

Се очекува судот да се произјасни во врска со преостанатите месеци затворска казна што треба да ги одлежи Кежаровски | Фото: М. Јордановска

Се очекува судот да се произјасни во врска со преостанатите месеци затворска казна што треба да ги одлежи Кежаровски | Фото: М. Јордановска

месеци затворска казна. Неизвесно останува дали тој ќе треба да ги одлежи преостанатите месеци во затвор или ќе се најде алтернативно решение. По ова прашање денеска се очекува да се изјасни судот.

Со пресудата на Апелација преиначени и намалени се и казните за уште неколкумина обвинети, поранешни судии и обвинители. Иле Танев доби казна од една и пол година затвор, Валентин Зафиров од две и пол години, Ивица Ефремов од три години затвор, а за двајца двајца обвинети има условни казни.

Јавната седница на Апелацискиот суд беше одржана во ноември минатата година, а пресудата беше соопштена дури вчера, по завршувањето на работното време.