Актуелно

Косово: Почесен погреб за убиените во Куманово

Организациите на ветераните, организираа почесен погреб во Приштина, за деветмината косовски и еден македонски Албанец, кои пред две недели беа убиени во борбите во Македонија, нарекувајќи ги национални херои.

Поранешни припадници на ОВК / Фото: БИРН

Поранешни припадници на ОВК / Фото: БИРН

Поранешните членови и поддржувачи на Ослободителната војска на Косово, ОВК, во вторникот ги погребаа убиените во судирите со македонската полиција во градот Куманово, што се случија пред две недели.

„Ние, организациите што произлегоа од војната [во Косово], сакаме да им оддадеме почит на овие луѓе, на начин на кој тие тоа го заслужуваат, како ветерани на нацијата“, изјави Џавит Јашари, претседател на Здружението на семејства на ветераните.

„Тие се херои на Косово. Се бореа за слобода на окупираните земји, како и за нивно обединување во една држава, Албанија“, нагласи тој.

Здруженијата на ветерани, минатата недела, побараа Министерството за одбрана на Косово, да ги погреба деветмината косовски Албанци, што загинаа во Куманово на 9 и 10 мај, со воени почести.

Откако Министерството го отфрли ова барање, ветераните најави дека тие ќе го направат ова на своја рака.

Во вторник беше организирана комеморација, на кое присуствуваа илјадници луѓе сместени во салата „1 Тетори“ во Приштина, додека млади момчиња, облечени во униформи на ОВК, ги носеа ковчезите покриени со албански знамиња.

„Поканивме претставници од претседателството, парламентот и од владата. Тие не дојдоа, па затоа погребот ќе остане на нивна совест“, рече Јашари.

На комеморацијата и на погребот присуствуваа пратеници од две опозиц

Членови на семејствата стоеја пред ковчезите / Фото: БИРН

Членови на семејствата стоеја пред ковчезите / Фото: БИРН

иски партии, од националистичкото движење „Самоопределување“ (Ветевендосје) и од Алијансата за иднината на Косово, ААК. Ниту еден од лидерите на овие две партии не присуствуваше на погребот.

32-годишната Мерита Реџај, сестра на еден од деветмината убиени, изјави дека нејзиниот брат, Арбен, е херој. „Слава им на хероите. Ги дадовме за Косово и за Куманово“, рече Мерита, со која беа и нејзините други сестри и родителите.

Членовите на семејствата стоеја пред ковчезите, додека луѓето одеа околу осум ковчези покриени со знамиња. Пред секој ковчег, децата држеа фотографии од нивните татковци или членови на семејство.

Поранешниот борец на ОВК, Нусрет Плана, кој зборуваше на комеморацијата, изјави дека мажите загинале како дел од планот на Албанците, да се создаде „природна Албанија“.

„За Албанците да ѝ се обединат во своја држава, природна Албанија, не е доволна крвта на Албанците што се бореле со векови, исто како што не е доволна крвта на овие десет мажи“, рече Плана.

Останките на Џафер Зимбери, Мирсад Ндрецај, Ваљон Кабаши, Тургај Гаши, Самид Кастриоти, Хисен Рушити, Фатлум Вишесела и Арбен Реџај од Косово, како и Нусрет Калоши од Скопје, беа закопани на гробиштата на мачениците во Приштина.

Бег Ризај, пак, беше погребан претходно во неделата, во неговиот роден град Глоѓан, во близина на Дечани, западно Косово.

Телата на загинатите во полициската акција во Куманово, беа идентификувани

Децата им салутираат на присутните во маички со слики од убиените членови на нивните семејства / Фото: БИРН

Децата им салутираат на присутните во маички со слики од убиените членови на нивните семејства / Фото: БИРН

и вратени во Косово минатата недела, во петок.

Тие загинаа во борбите во близина на кумановското Диво Насеље, откако полицијата спроведе акција за, како што соопшти, спречување на терористички напад.

Делот од градот каде што се водеа борбите беше разурнат, а жителите на оваа населба збунети поради причините за нападот и за полициската акција. Во неа, осум полицајци загинаа, а многу други беа повредени.

Полицијата соопшти дека спровела акција во Куманово за да ги уапси истите вооружени лица што претходно ја нападнале полициската станица во Гошинце. Тајна група на интернет ја презеде одговорноста за двата напади.

Во дводневната престрелка во Куманово загинаа осум македонски полицајци, а околу 37 беа повредени. Многу домови во оваа населба беа оштетени.

Акцијата во Куманово дојде во услови на напната политичка ситуација во Македонија, каде опозицијата организираше протести, барајќи оставка од владата на Никола Груевски.

Освен во редовите на ОВК, дел од убиените во Куманово, се бореле и во вооружениот конфликт во јужна Србија и во Македонија во 2001 година, како дел од Ослободителна национална армија, ОНА.

Организациите на ветерани изјавија дека ним треба да им се оддаде почит, поради нивното учество во војната во Косово, бидејќи повеќето од нив имале статус на ветеран и воен инвалид.

Сепак, не секој во Косово се восхитува на нивната акција во Куманово. Политичкиот аналитичар Енвер Робели, инсистирањето да им се оддаде почит, го нарече „срамно“.

„Една земја што ги чествува криминалците, нема светла иднина пред себе“, вели Робели, додавајќи дека некои од загинатите во Куманово се занимавале со дрога, биле вклучени во рекетирање или биле приврзаници на радикалниот ислам.

Додаде дека е срамно тие да бидат погребани до вистинските борци за слобода и до поранешниот претседател на Косово, Ибрахим Ругова.

Владата ги критикуваше обидите на групи од Косово да ја дестабилизираат ситуацијата во етнички поделената Македонија и побара независна меѓународна истрага за настаните во Куманово.

Текстот е објавен на страницата на Балканска транзициска правда.