„Да не им падне на памет на пратениците да го ратификуваат договорот со Грција по дебаклот на референдумот“. Ова е пораката повеќето активисти на кампањата за бојкот од вечерашната прослава пред Собранието.
„Денес е ден за македонската историја. Денес е ден кога ја спасивме државата и нацијата“, порача актерката Арна Шијак.
На собирот, пред две-три илјади луѓе, говореа претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров и претставникот на македонската дијаспора од Канада Бил Николов.
Поголемиот дел од вечерта помина во веселба. Настапија фолк-пејачот Јордан Митев, раперот Пука Козметика и други музичари.
Од прославата беа упатени пораки да се ослободат уапсените за насилниот инцидент на 27 април минатата година.