Актуелно

ФОТОГАЛЕРИЈА: Ескалира кризата на јужната граница

Нетрпеливост, детски плач, неколкумина повредени од шок – бомбите на полицијата и лица кои колабираат на високите температури се само дел од денешните случувања во меѓуграничната зона, кои можат да се видат преку фотографиите на Роберт Атанасовски.

Продолжува голготата на мигрантите кои доаѓаат од Грција, а кои се заглавени во меѓуграничната зона на македонската јужна граница. Полицијата пушта само мали групи ранливи категории бегалци, а беше употребена сила кон оние што се обидoa да го пробијат полицискиот кордон за да влезат на македонска територија и да го продолжат патот кон Србија, а потоа кон европските држави.

Мигрантите се во меѓуграничната зона повеќе од 24 часа, откако Владата прогласи кризна состојба.