Флеш Вести27/02/2017 20:05

[ГАЛЕРИЈА] Марш на иницијативата „За заедничка Македонија“

„Црвената линија ја преминавте, а црвено-жолтата, нема“ беше мотото под кое во организација на иницијативата „За заедничка Македонија“ повеќе илјадници граѓани се собраа против иницијативите за воведување двојазичност. Режисерот Борис Дамовски, директорот на МОБ Игор Дурловски и Богдан Илиевски се обратија кон насобраните.

И покрај тоа што учесниците немаа јасни партиски обележја, присуството на поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ беше очигледно.

Маршот тргна од пред Владата, поминувајќи пред канцеларијата на Иванов, заврши пред Собранието. Според организаторите, протестите ќе продолжат и во наредните денови. 

[cincopa+AgPA14dculVD]