„Ја депонирам мојата оставка која ќе стане активна тогаш кога политичките партии ќе се усогласат за новото законско решение и ќе го изберат мојот наследник“ пишува во своето денешно соопштение специјалната обвинителка Катица Јанева.
Таа вели дека нема да дозволи нејзиното име „да биде искористено за нечие алиби со кое во заложништво ќе се држат судбината на Специјалното јавно обвинителство и Европските интеграции“