Вести

Најбомбастичните изјави од снимките на СДСМ

Досегашните шест „политички бомби“ на СДСМ веќе создадоа цела низа изјави кои најмногу го привлекоа вниманието на јавноста и ќе останат запаметени како илустрација на начините на кои се спроведуваа местенки во судството, нарачки на прилози навестите, планирањето апсења, незадоволството од владеењето на Груевски од страна на неговите најблиски соработници.

Тргнувајќи од аудио-снимките што ги презентираше СДСМ, БИРН ги претставува изјавите кои наводно се водат меѓу владините функционери и други јавни личности кои привлекоа најголемо внимание во јавноста од досегашните презентирани шест „политички бомби“.


Поранешниот министер за правда Михајло Маневски на министерката за внатрешни работи Јанкулоска ѝ ја објаснува позицијата на Лина Петровска, поранешен член на Судскиот совет


Мијалков му ја објаснува позицијата на претседателот на Врховниот суд на поранешниот вицепремиер Муса Џафери


Јанкулоска, по разговорот со обвинителот Марко Зврлевски му објаснува на министерот за финансии Ставрески дека пријавата против него ќе биде отфрлена


Јанкулоска го прашува градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески за судијата Никола Крстевски


Сашо Мијалков во разговор со Драган Павловиќ – Латас ја предвидува затворската казна за Љубе Бошкоски, веднаш по неговото апсење во јуни 2011.


Сашо Мијалков во разговор со уредникот на Сител Драган Павловиќ – Латас, зборува за затворските услови за Бошкоски, веднаш по неговото апсење.


Емил Стојменов, поранешниот сопственик на Канал 5 го коментира апсењето на Љубе Бошкоски и објаснува колкаво задоволство би му се направило доколку се уапси Љубчо Георгиевски


Сашо Мијалков нарачува како да се пушта прилогот од апсењето на Бошкоски на вестите на телевизија „Канал 5“


Портпаролот Иво Котевски со министерката Јанкулоска договара кои фотографии да се пуштат во јавност од апсењето на Бошкоски


Протоѓер на Јанкуоска ѝ објаснува кои новинари ќе ги пушти на прес конференција на МВР


Сашо Мијалков му објаснува на уредникот на „Сител“ дека е незадоволен од тајмингот во кој се емитуваат вестите на телевизијата


Гордана Јанкулоска му објаснува на Мартин Протоѓер што треба да се случи со луѓето блиски до Бошкоски по неговото затворање


Министерката Јанкулоска зборува со портпаролот на МВР Иво Котевски за новинарка од МТВ која сакала да подготвува тема за масовни убиства низ светов по убиството кај Смилковско езеро


Сашо Мијалков на министерката Јанкулоска ѝ зборува за трите весници од групацијата МПМ


Уредникот на Сител Драган Павловиќ Латас ѝ објаснува на министерката за култура Елизабета Канчевска – Милевска зошто прилогот за култура бил емитуван во последните вести


Портпаролот Иво Котевски ѝ кажува на министерката Јанкулоска какви прашања од новинарите добил. Случајот се однесува на убиството на Мартин Нешкоски на плоштадот „Македонија“.


Премиерот Никола Груевски во 2011 година му објаснува на министерот Јанакиески дека „држи вода“ муабетот на Питер Соренсен дека треба да се рушат сите сопственици на објекти што го прекршиле законот, а не само Фијат Цаноски бидејќи е политички противник и финансиер на А1 телевизија.


Груевски предлага што да се прави на местото каде што се рушеше комплексот „Космос“ на поранешниот пратеник и сват на Велија Рамковски, Фијат Цаноски.


Груевски му дава совет на Јанакиески како да срушат дивоградба во Гостивар, за да не се остава впечаток на селективност во примената на законите


Министерот Ставрески ја опишува СМС пораката од премиерот Груевски во која наводно се барало потпишување договор со кинеска компанија што ќе ги гради патиштата без тендер


Ставрески за градоначалникот на Битола Владимир Талевски за наводен коруптивен договор со превозници за превоз на ученици


Министерката Јанкулоска на Ставрески му ги објаснува условите во полициските станици


Министерот за финансии Ставрески се жали на лошиот буџет, додека премиерот Никола Груевски нарачувал нови уметнички слики


Министерката Гордана Јанкулоска за трошењето на буџетските пари


Министерот Ставрески за трошењето буџетски пари


Министерката за внатрешни работи раскажува разговор со евроамбасадорот Аиво Орав за протестите кои се одвиваа пред општина Центар кога власта во општината ја доби опозицијата во 2013 година


Министерот Ставрески за актуелната политичка состојба во 2013 година

Досега, ниту еден од оние чии имиња се спомнуваат во аудио снимките на СДСМ, не ја демантирал нивната автентичност. Најчестите изјави што се даваат во овој поглед се „немам коментар“, „ќе покаже судската постапка“, „снимките се конструирани“ и слично.