Покрај повеќе илјади студенти, денеска низ улиците на главниот град маршираа и десетици професори од универзитетите. Сите заедно се против најавените нови реформи во образованието, особено против екстерното тестирање наметнато од страна на Министерството за образование и наука
На најмасовните студентски протести до сега, идните академски граѓани добиja отворена поддршка од голем број професори, но и од многу граѓани кои излегoa на своите прозори и тераси да ги отпоздраваt, аплаудираат и да изразат одобрување.
На протестот присуствуваа и дел од професорите од средните училишта во Скопје. Тие не сакаа да се идентификуваат бидејќи, како што велат, денеска непосредно пред почетокот на протестот во училиштата пристигнале претставници на Министерството за образование и наука за да им држат обука на тема „Работа на црно“. Професорите сметаат дека денешната ненадејна посета и обука е со цел да им се оневозможи да присуствуваат на протестите.
Покрај повеќе илјади студенти, денеска низ улиците на главниот град маршираа и десетици професори од универзитетите. Сите заедно се против најавените нови реформи во образованието, особено против екстерното тестирање наметнато од страна на Министерството за образование и наука.
Учесниците на протестите имаа големи потешкотии да се поврзат на најголемата мобилна мрежа, а со тоа тешко можeа да се поврзат на интернет, да споделат фотографии или да се организираат преку социјалните мрежи. Во секој случај, БИРН во продолжение ви ги пренесува сите твитови на социјалната мрежа Твитер на хаш-тагот #СтудентскиМарш.
Студентите беа пред зградата на Владата, претходно пред Собранието на Република Македонија, а протестот започна од пред платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Протестот заврши пред зградата на извршната власт.
„И од образованието сакате да направите споменик?“, „Студентот има должност да го заштити факултетот од владата“, „Не ни ја сечете иднината“, „Сакам дома да живеам“, „Преку индексот ни е“ „Индекс имам, права немам“, се само дел од транспарентите кои ги носат студентите на денешниот протест. Меѓу нив има транспарентни испишани на македонски, албански и англиски јазик.
Повеќето од демонстрантите носат црвени обрачи на своите глави и извикуваат „Сега заокружи ме“ алудирајќи на еден интернет портал на кој во еден текст за првиот протест на студентите, дел од нив беа заокружени со кругови во црвена боја и идентификувани.
(фото галерија)