Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу го осуди синоќешните настани во Собранието на Република Македонија и истакна дека дел од структурите на МВР се се уште под политичко влијание и не си ја завршиле работата за што ќе мора да сносат одговорност.
Посебно посочи на директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков кој иако бил назначен за раководител со Оперативниот штаб на МВР бил недостапен за министерот Нухиу од екслацијата на состојбите до 20 часот.
„Чувствувам морална одговорност што во овие четири месеци колку сум министер не успеав да го тргнам влијанието на политичките структури во МВР и затоа ќе барам мое повлекување, но ве уверувам дека ќе направам се за создавање услови за мирен трансфер на власта и ќе барам кривична и морална одговорност од раководните структури на МВР и Оперативниот штаб за вчерашните настани“.