Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН) распишува конкурс за следниве работни позиции со полно работно време (40 часа неделно).
Новинар со искуство:
- Завршено високо образование (предност ќе се даде на кандидати со завршени студии по новинарство, медиуми и комуникации или други сродни области);
- Минимум пет години новинарско искуство;
- Солидни новинарски и стилски вештини;
- Познавање на професионалните и етичките новинарски стандарди;
- Познавање на поширокиот медиумски и политички контекст;
- Способност за тимска работа;
- Способност за работа под притисок;
- Способност за користење локални и глобални бази на податоци;
- Аналитички способности
- Одлично познавање англиски јазик;
- Компјутерска писменост со напредно познавање на основните компјутерски програми од пакетот MS Office (Word, PPP, Excel, Outlook), а познавањето напредни софтверски алатки за анализа и визуализација на податоци ќе се смета за предност;
- Практичното искуство и напредни вештини во користење фото и видеоопрема, како и софтвер за мултимедијална обработка е предност;
- Заинтересираните кандидати, својата кратка биографија (CV), мотивациско писмо и минимум три објавени стории (печат, онлајн, видео, аудио) треба да ги пратат најдоцна до први февруари на следнава електронска адреса: [email protected] .
- Апликациите на кандидатите што не ги исполнуваат наведените услови и што нема да бидат испратени до предвидениот рок, нема да бидат разгледувани. Само кандидатите што ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Ве молиме, без телефонски јавувања.
Новинар почетник:
- Завршено високо образование (предност ќе се даде на кандидати со завршени студии по новинарство, медиуми и комуникации или други сродни области);
- Желба за учење
- Добри пишувачки вештини
- Познавање на професионалните и етичките новинарски стандарди;
- Способност за тимска работа;
- Способност за работа под притисок;
- Одговорност
- Исполнителност
- Самоиницијативност
- Одлично познавање англиски јазик;
- Компјутерска писменост со напредно познавање на основните компјутерски програми од пакетот MS Office (Word, PPP, Excel, Outlook), а познавањето напредни софтверски алатки за анализа и визуализација на податоци ќе се смета за предност;
- Афинитет за користење фото и видеоопрема, како и софтвер за мултимедијална обработка е предност;
- Заинтересираните кандидати, својата кратка биографија (CV), мотивациско писмо треба да ги пратат најдоцна до 1. февруари 2023 година на следнава електронска адреса: [email protected]