Репортажи

Полициски хеликоптер падна во струмичко – четворица загинати

Неофицијално, хеликоптерот кој пренесувал припадници на граничната полиција се срушил по удар во радиодифузен предавател

Вчера околу 22 часот во близина на индустриската зона Север во Струмица се урна полициски хеликоптер од типот МИ-17.

Фото: Роберт Георгиев

Фото: Роберт Георгиев

Според очевидци, неколку минути пред падот од хеликоптерот, кој бил неосветлен, се слушале силни звуци. Леталото се срушило по удар во радиодифузен предавател.

Остатоците од предавателот во кој удрил хеликоптерот | Фото: Коста Јованов

Остатоците од предавателот во кој удрил хеликоптерот | Фото: Коста Јованов

Според првичните неофицијални информации во несреќата животите ги загубиле четири лица кои биле дел од екипажот. Исто така неофицијално, хеликоптерот пренесувал припадници на граничната полиција. Увидот е во тек, официјални информации се очекуваат во текот на денот.

Опашката од паднатиот хеликоптер МИ-17 | Фото: Роберт Георгиев

Опашката од паднатиот хеликоптер МИ-17 | Фото: Роберт Георгиев

Ова е втора несреќа во Македонија со хеликоптер од тој тип. Претходната несреќа се случи во Јануари 2008 година кога кај катлановско Блаце загинаа 11 припадници на воздухопловната бригада на АРМ.

Увидот се` уште трае | Фото: Коста Јованов

Увидот се` уште трае | Фото: Коста Јованов