Дали сте новинар или медиумски професионалец кој го користи својот паметен телефон само за телефонски повици и пораки? Вашиот мобилен телефон е многу повеќе од комуникациски уред. Тој е фотоапарат и моќна камера, диктафон и уред за монтажа на фотографии и видеа.
Со соодветни вештини кои можете да ги стекнете лесно, паметниот телефон ќе ви овозможи сѐ што ви е потребно за креирање моќни новинарски приказни.
„Томсон медија“ ве поканува да се вклучите во бесплатниот онлајн курс за почетници во мобилно новинарство, каде што преку практични вежби ќе научите да правите моќни фотографии, да снимате аудио и видео и да монтирате новинарски приказни на вашиот мобилен телефон.
Ќе научите како да размислувате како мобилен новинар кој ги користи својот паметен телефон и новостекнатите вештини за независно производство на квалитетни медиумски содржини.
Што ќе научите:
– Основи на мобилното новинарство и неговите предности;
– Како да ја преземете контролата над камерата на вашиот мобилен телефон;
– Како да фотографирате и да снимате аудио и видео со вашиот телефон;
– Како да ги монтирате новинарските приказни на вашиот мобилен телефон со
бесплатни апликации.
Овој онлајн курс ви овозможува да го завршите според вашата сопствена динамика, а материјалите за курсот ќе ви бидат достапни веднаш штом ќе се запишете. Ќе ви бидат потребни околу 4 часа за да го завршите курсот низ повеќе сесии.
Учесниците кои успешно ќе го завршат бесплатниот онлајн курс ќе бидат земени предвид за напредна обука за мобилно новинарство, поддржана од искусни ментори. Курсот го води главниот регионален тренер на „Томсон медија“, Александар Манасиев, искусен новинар и уредник на дигиталниот медиум Види Вака.
Специјален гостин на курсот е Глен Мулкахи, пионер во мобилното новинарство, кој го инспирираше и го промовираше растот на мобилното новинарство низ целиот свет.
Регистрирајте се и запишете се на курсот: Добијте сертификат и станете мобилен новинар под наше менторство!
Врска до страница за регистрација: Мобилно новинарство – почетен курс
За повеќе информации во врска со нашиот онлајн курс за мобилно новинарство, контактирајте со Маја Васиќ-Николиќ на: [email protected].
Курсот е организиран во рамките на проектот „Зајакнување на квалитетните вести и независното новинарство во Западен Балкан и Турција“ кој го спроведува БИРН Хаб во партнерство со: Томсон Медиа gGmbH (ТМ), Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ), Европската радиодифузна унија (ЕБУ),
Централноевропскиот универзитет (Центар за медиуми, податоци и општество на ЦЕУ), Медиумската асоцијација на Југоисточна Европа (МАСЕЕ), Центарот за истражувачко новинарство на Црна Гора (ЦИН ЦГ), Независниот синдикат на новинари и медиумски работници во Македонија (ССНМ), БИРН Албанија и БИРН Србија.
Проектот е финансиран од ЕвропаАид / Европската комисија преку својата Регионална програма за обука и поддршка за подобрување на квалитетот и професионалноста во новинарството.