Порталите „Курир“, „Нетпрес“ и „Инфомакс“ вчера објавија идентичен краток текст во кој се тврди дека поддржувачите на лидерот на СДСМ, Зоран Заев истиот ден истакнале транспарент на којшто пишува „Не ме викај ФИРОМ, викај ме Илирида“.
Текстот е насловен „Заев почна со Тиранската платформа“.
Меѓутоа, фотографијата која ја поткрепува веста може да се најде на еден форум и таму е поставена уште во февруари 2010 година.
Истата фотографија се појави и на Твитер, а меѓу оние што ја споделија е и директорот на Државниот архив, Филип Петровски.