Регион

БиХ: Побарана казна за обвинетите за убиства во Приедор

Обвинетите (десно, во првиот и во вториот ред) со своите адвокати, во судница. Фото: Суд БиХ

Во завршните зборови пред Судот на Босна и Херцеговина, обвинителство наведе дека за време на судењето, докажало оти Милојица и Ривиќ, како припадници на шестиот љубиски баталјон на ВРС, учествувале во сеопфатен и систематски напад на несрпското население во регионот на Приедор, во јуни и јули 1992 година.

Обвинителот, Седин Идризовиќ, рече дека заштитените сведоци, поранешни соборци на обвинетиот Милојица, потврдиле дека во село Хамбарине, обвинетиот убил Бошњак и дека заедно со уште еден војник, убил девет Роми, кои биле донесени за да закопуваат тела.

Според обвинителот, сведоците потврдиле дека Милојица убил овчар, Бошњак, за време на претресот во селото Чараково, како и еден постар човек, кога заедно со Ривиќ и уште едно лице, барале злато во една куќа.

Обвинителството оцени дека докажало и оти Милојица и Ривиќ убиле пет лица од бошњачка националност, кои, кај контролниот пункт во Хамбарине, ги довезла воена полиција.

Обвинителот Идризовиќ потсети на сведочењето на сведоците, кои кажаа дека Милојица му пришол на комбето и рекол: „Дајте ми ги на мене“, а потоа ги изнел надвор.

Сведоците, додаде обвинителот, изјавија дека слушнале истрели и ги виделе Милојица и Ривиќ со пушки покрај мртви тела.

Таа ноќ, додаде тој, Милојица убил уште едно лице, кое дошло кај контролниот пункт.

Идризовиќ потсети и на сведочењето на сведоците кои Милојица и Ривиќ ги навеле како одговорни за смртта на еден хрватски цивил.

Одбраната ќе ги изнесе своите завршни зборови на 6 мај.