ВМРО-ДПМНЕ не може да ја продава и да ја издава Белата палата, во која се наоѓа партиско седиште, одлучи вчера Основниот суд Скопје 1.
„Му се забранува на правното лице ВМРО – ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ЗА МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО да го отуѓува, става под хипотека и располага со давање под закуп недвижниот имот“, стои во прибелешката на имотниот лист во Катастарот.
Според овој документ, привремената мерка ќе трае до завршување на кривичната постапка пред првостепениот суд, веројатно мислејќи на истрагата „Талир“ што ја води Специјалното јавно обвинителство (СЈО).
Оваа судска привремена мерка доаѓа откако претседатeлот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави дека партијата размислува да го продаде седиштето во центарот на Скопје или да го даде под закуп.
Од СЈО сега засега нема потврда дека ова обвинителство побарало да се замрзне седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи обвинителството на Катица Јанева тоа и го стори кога ја отвори истрагата за „Талир“, но тогаш судот не дозволи замрзнување на овој имот.