![](https://prizma.mk/wp-content/uploads/2016/12/15555468_10155671985618508_1436464644_o.jpg)
Пред Државната изборна комисија (ДИК) се собираат се повеќе приврзаници на владејачката партија. Течат и говори на повеќе симпатизари и членови на ВМРО-ДПМНЕ.
„Правдината е на страната на граѓаните на РМ. На ваша страна е. Не во 13 часот туку веднаш да продолжат со работа и да завршат за 10 минути. Овде сме и ќе бидеме овде. Ве гледам во голем број и знам дека ќе не има уште повеќе“, изјави пред присутните Светлана Јакимовска, поранешна пратеничка.
Се слушаат петарди, аплаузи за говорничката и понекое „УА“ за ДИК која се уште не започна со денешната расправа, на која треба да се одлучува по последниот приговор на СДСМ .
![dik sobir 6](https://prizma.mk/wp-content/uploads/2016/12/15555468_10155671985618508_1436464644_o.jpg)
Се повеќе демонстранти се собираат пред ДИК
![dik sobir7](https://prizma.mk/wp-content/uploads/2016/12/15628807_10155671988193508_898988513_o.jpg)
Новинарите го чекаат почетокот на седницата и говорите на симпатизерите на владејачката партија