Регион

БиХ чека екстрадиција на девет лица осомничени за воени злосторства

Пишува: Џана Брканиќ / Сараево

БиХ чека екстрадиција на девет лица осомничени за воени злосторства. Досега, според податоците, веќе биле екстрадирани 28 лица.

Повеќето од нив се екстрадирани од САД.

Според судот, во моментов активни се најмалку 20 потерници по лица осомничени за воени злосторства, кои живеат во странство.

Некои од овие потерници се стари речиси десет години, вклучувајќи ја и онаа по Рајко Кушиќ, поранешен командант на бригадата Рогатица на Војската на Република Српска (ВРС).

Дел од осомничените се екстрадиран за само неколку месеци по апсењето, додека екстрадицијата на други понекогаш трае со години.

Таков е случајот на Радомир Шушњар, чија екстрадиција од Франција се чека три години.

Пред точно една година, судот во Париз ја одобри екстрадицијата, но од Обвинителството на БиХ не добивме одговор на прашањето зошто тој досега не е екстрадиран.

Шушњар е осомничен за учество во притворање на жртви од бошњачка националност, во куќа во улица „Пионерска“ во Вишеград, во летото 1992 година, која потоа била запалена.

Во таа куќа биле затворени повеќе од 60 бошњачки цивили од областа на Вишеград, меѓу кои и жени и деца, кои потоа биле запалени.

Според обвинителството, војниците пукале во жртвите кои се обидувале да избегаат. Само неколку лица го преживеале пожарот.

Меѓу последните екстрадирани лица беше Елфете Весели, која беше екстрадирана од Швајцарија.

Таа е осомничена за вмешаност во убиство на 12-годишно момче од српска националност, извршено во регионот на Зворник, во 1992 година.