Регион

БиХ: Намалени казни за геноцидот во Сребреница

Судот на БиХ. Фото: БИРН

Пишува: Албина Соргуч / Сараево

Апелацискиот совет на Судот на БиХ во четвртокот им ги намали затворските казни на Јевиќ и на Ѓуриќ, од 32, односно 28 години, на по 20 години затвор.

Во времето на злосторствата, извршени во јули 1995 година, Јевиќ бил командант на Центарот за обука на специјалната полициска бригада на Република Српска на Јахорина, а Ѓуриќ командир во овој центар.

И двајцата беа осудени за учество во убиството на заробените бошњачки мажи во Кравица и присилен трансфер на цивилите од подрачјето на Сребреница.

До укинување на правосилната пресуда дојде откако Уставниот суд на БиХ донесе одлука, дека при изрекувањето на кзаните, требало да биде применет стариот, а воедно и поблаг кривичен закон на поранешна Југославија, кој бил во сила во времето кога биле извршени злосторствата, наместо подоцна донесениот кривичен закон на БиХ.