Бранителот на Милојица, Ранко Дакиќ, за БИРН изјави дека Апелацискиот совет на Судот на Босна и Херцеговина, ја отфрлил жалбата со која се бараше намалување на казната од 20 години затвор.
Милојица, поранешен припадник на 6-от љубиски баталјон на ВРС, беше осуден во октомври 2020 година за повеќекратни убиства на цивили во селото Хамбарине, во областа на Приедор, во јули 1992 година.
Тој беше осуден на 16 години затвор, додека обвинетиот Желислав Ривиќ, беше ослободен од обвинението.
Со претходната пресуда, која му беше изречена пред Окружниот суд во Бања Лука, во декември 2006 година, Милојица беше осуден на седум години затвор, за убиство на цивили пред куќа во местото Љубија, извршено во средината на август 1992 година.
Милојица потоа поднесе барање за обединување на овие две казни, што Судот на БиХ го направи во својата одлука од јуни 2021 година, па го осуди Милојица на единствена казна од 20 години затвор.
Одбраната се жалеше на оваа одлука, барајќи помала казна, тврдејќи дека Судот не ги зел предвид олеснителните околности.
Апелацискиот совет ја отфрли жалбата и ја потврди обединетата казна од 20 години затвор.