Актуелно

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Шарено и масовно

Фотографиите на Роберт Атанасовски ја доловуваат атмосферата од вчерашниот најмасовен протест на Шарената револуција.

Протестот на Шарената револуција вчера кулминираше со боење на фасадата и кршење на неколку прозорци на Министерството за правда како и обид да се сруши споменикот на Прометеј во „Жена“ парк.

Високите температури не беа пречка за десетици илјади граѓани да излезат на протести и да бараат граѓаните да станат дел од решението на кризата, за да се осигураат дека идните преговарачки процеси ќе бидат транспарентни. Уште еднаш беше побарано Уставниот суд да се изјасни во однос на уставноста на Специјалното јавно обвинителство. Полициските специјални единици, кои не интервенираа пред Министерството за правда, се распоредија пред споменикот на Прометеј да го заштитат од демонстрантите, но освен тензии меѓу демонстрантите и „желките“, не дојде до поголеми инциденти.

Засега е неизвесно дали ќе продолжат протестите на Шарената револуција кои започнаа по одлуката на Иванов да прогласи аболиција, со повеќе барања и ултиматум да се исполнат до 18 јуни.