„Им честитам на оние граѓани кои гласаа на консултативниот референдум и ја искористија нивната демократска слобода. Со голем број на „за“ гласовите, постои широка поддршка за Договорот од Преспа“, соопшти еврокомесарот за проширување Јоханес Хан .
„Сега очекувам сите политички лидери да ја почитуваат оваа одлука и да постапат со најголема одговорност и единство независно од партиските линии, бо интерес на земјата“, напиша на својот Твитер налог еврокомесарот Хан.