Вести

Илјадници студенти го започнаа својот протест

Одзивот на студентите е многу поголем од планираното. Повеќе илјади студенти само што тргнаа од платото пред УКИМ накај зградата на Владата, а оттаму ќе продолжат пред зградата на Собранието на Република Македонија

„Останува на нас да ја истераме оваа борба“ – со оваа порака илјадници студенти само што тргнаа од пред платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на мирниот студентски марш против најавените реформи во високото образование, особено против екстерното тестирање наметнато од страна на Министерството за образование и наука.

Студентите протестираат против најавените реформи во високот образование, особено против екстерното тестирање наметнато од Министерството за образование и наука | Фото: М. Јордановска

Студентите протестираат против најавените реформи во високот образование, особено против екстерното тестирање наметнато од Министерството за образование и наука | Фото: М. Јордановска

Одзивот на студентите е многу поголем од планираното. Десетина минути пред пладне пред споменикот на Светите Кирил и Методиј на платото меѓу правниот, економскиот, филолошкиот и филозофскиот факултет, се собраа повеќе илјади студенти и повикаа на мирен протест.

Протестот од платото пред УКИМ ќе продолжи пред Владата, а потоа пред Собранието на Република Македонија | Фото: М. Јордановска

Протестот од платото пред УКИМ ќе продолжи пред Владата, а потоа пред Собранието на Република Македонија | Фото: М. Јордановска

Во моментов тие се движат накај зградата на Владата, а потоа ќе продолжат накај зградата на Собранието. Екипата на БИРН е на терен и ќе известува во текот на целиот протест.