1.Аз сам човѐк којшто е бил стипендиста на италијанската влада, там сум ја поминал магистратурата. Докторатот во Германија, стипендист на германската влада. Тимчo обаче е исто образован во САД, Влатко е женет за Американка. Александар не е, но долго време бил во Стразбург. Поткрепиме договорот за добрососедство со Блгарија, сичко хубаво, тава шо лажат комунистите дека сме биле против, естествено е пропаганда на комунистите, комунистите при нас многу лажат бате Бојко, Љубчо е наш, само малки проблеми имахме, Никола го искара од партијата ни, ам па аз ако трјабва ште го врним назат…
О, кир Мицотакис? Калимера, его Мицевски, како Мицотакис изто, замо зо географико додавка Христијан, хахахаха, да се назалиме. Ние зизтер парти, евхаристо за зредба. Ова Миле, он студирал колеџ Тезалоники. Ја цел стан опремувал Икеа од кај вас, ова Неѕми, он пробал лета аеропорт Македонија, ама низто, Никола егеец, многу те поздрави, он Будапезт зега. Мазедонија грејт, вери најз злоган. Наза партија, лето, зите Халкидики, сонца, сопинг анд факинг, карпузи, локомадес, охи проблем, Норд Македонија, охи проблем, зто Македонија, охи Македониа, замо Норд, замо Скопља ако зака, замо победиме избори и охи проблем…
Па где сте брачо Срби! Ја сам Христијан, ово је Бети, она прича српскохрватски веома врло јако добро, ово је Саша, он вам је био са пиштољем на аеродром кад сте га ухапсили, Никола вам је био савјетник владе ал’ није мого да доџе, нешто је у Маџарској сад, куча-посо-куча-посо, знаш како је… Дал подржавамо мали Шенген, размена територија и остало? Шта бре мал Шенген! Ма има бре да буде велики Шенген, велика Србија, шта год хочете, има бре да певамо целу ноч са Дачича, на плоштад Македонија ту код овог Душановог моста, ми га зовемо Стари мост, ту код нас, само да победимо на избора, разумете, ако може и ови ваши да нам се врате у коалицију, они су сад код овог Зајева, ал он је корумпиран, па ако може да нам се врате јер ми нисмо. Ма и да јесмо, шта им везе, има да мрзимо Албанце заједно, да одбележавамо годишњине на Кајмакчалана, ми плачамо ракију, биче шљива како ви волите, нема проблема, само да добијемо ове изборе, ви као наша сестринска партија да нам помогнете…
О, зоти Мета. Куш ком бе, мир, мир… Многу те поздравувал овој Зијадин. Зиадин, Зијади, еден од Струга. Села бе, овој што ќе го утепавме за малку у Парљамент. Ова Влатко, он многу сака Аљбанци, ова Антонио он од Керчова, како Али исто, земчо, хахахаха… Овој на сљика, го гледаш сљика, овој што ме гушка. Е, тој… Аљбанац од Гостивари. О, Илир бе, ела да те гушкам. Аце сликај. Ела, ваму. Не сум ја комита, само не сум го поминал брадата, немој да мислиш дека сум сум пеел за шиптари, гасна комора, јо јо јо, јок бе какви комити, Тиранска пљатформа, ска проблем, двојазичност цела територија. Дој сеа пак да те гушнам…
Држете се до официјалните соопштенија, држете го тонот на муте и сѐ ќе биде океј. Македонија вечна, цела да е.
2.Ако некогаш ДПМНЕ се врати на власт, замолувам споменикот што ќе ѝ го подигнат на Катица Јанева да се вика „Гица во кабаница“. Гица затоа што така ја ословуваа, и тоа ерга омнес, целото нивно членство, сѐ додека не сфатија дека ќе биде нивниот најсилен играч на следните избори. А во кабаница нема потреба многу да се објаснува зошто.
Ќе дојде тој ден набрзо кога повторно на целото судство ќе му наметнат вмровска кабаница. Ветингот што не го направија комуњариве, ќе го направат вмроните, и тоа според принципот на морков и стап, односно некому кабаница и жица, некој со кристали на вратот и слободен ко птица. Секому според заслугите, до последниот приправник, зашто долга е раката на ВМРО.
3.Ќе се менувал изборниот модел, тоа било топ тема. Па, уште цели фељтони се пишуваат, длабински анализи, кој модел повеќе ни одговарал. Добро, ако е топ тема, нема бегање. Еве ви мој мал придонес на темава.
Компаративна анализа на неколку изборни модели:
- Мнозински по општини.
Предности: За разлика од пропорционалниот модел, во овој знаеш точно за кој од тие сто дваесет идиоти глумат дека нешто дебатираат и се расправаат, а всушност само ти ги трошат парите и јадат евтино собраниско гравче – си ти самиот одговорен.
Мани: Не знам колку е добро да знаеш за кој од идиотите си ти виновен. Освен тоа, се гласа во два изборни круга, па двапати мора да го пеглаш тоа оделото што ти е само за свечениот демократски чин.
- Пропорционален со шест изборни единици.
Предности: Не се забележани.
Мани: Ги уживаме секој ден.
- Пропорционален со отворени листи.
Предности: Може да се зезаш при гласањето. Бидејќи има некои таму 120 јадници од кои еден треба да заокружиш, можеш да си играш еци пеци пец или да гласаш според тоа кое име ти се допаѓа. На пример, јас сигурно би гласал за Петрунија, зашто Господ така се вика нели, Сребре, зашто знам дека никогаш нема да биде среброљубив, Темелко зашто е темелен, Македон зашто е патриот… но вие сигурно си имате ваши фаворити.
Мани: Гласањето може да не успее да заврши до 19 часот. На пример, замислете ги оние баби кои три часа и 28 минути стојат пред векните со леб во самопослуга и размислуваат која од нив да ја одберат – да треба да се решат за еден од 120 кандидати. Со векната леб е лесно – ја пипкаат дали е мека, па потоа ги анализираат боите, мирисот и текстурата на секоја од нив одделно, потоа проверуваат дали некоја од нив изгубила на мекост од моментот кога последен пат ја пипнала дали е мека, па ќе си прошетаат малку до кај детергентите да остават векните да отстојат итн… Замислете колку време на таа госпоѓа ќе ѝ треба да го избере својот пратеник. А тие гласаат, младите или не се овде или кренаа раце од избори. Притоа, дури не може ни да ги пипне кандидатите на листите за да провери дали се тврди или меки. Ужас.
- Мешовит.
Предности: Не мора да ја знаеш формулата од Донтовиот метод на памет кога одиш на гласање.
Мани: Сега има некоја уште посложена формула, која, за беља, таман кога ќе ја совладаш – ќе го сменат моделот.
- Едноумие.
Предности: Ова е модел што сме го практикувале најдолго во историјата и некако најмногу ни е сраснат за срцето и за менталитетот. Избегната е секаква лична одговорност за процесот во државата и за власта може да се говори како за некое страно тело, кое еден ден ќе биде симната со револуција што ќе ја направат некои нови генерации.
Мани: Се обидовме да им дадеме апсолутна власт до сега на сите. Левицата за пет децении едноумие сосема заборави на народот, се претвори во арогантна црвена буржоазија. Ја пробавме и десницата: за две години ни се претвори во организиран криминал и мафија.
Заклучок. Абе какви изборни модели, дај не ни фрлајте прав во очи, подобро дајте фотки од фотомодели, барем нека плакне народ очи.