Довчерашниот директор на Медиа принт Македонија (МПМ), Александар Динев, отвори нова фирма со речиси идентичен назив – Медиа Принт ДООЕЛ. Динев беше директор на МПМ до петокот, кога беше избришан од Централниот регистар и на управителската позиција остана само Срѓан Керим.
Новата фирма Динев ја отвора со основачки влог од 5 илјади евра.
Сите овие промени се случуваат откако вработените во весниците „Дневник“, „Утрински весник“ и „Вест“ почнаа штрајк поради неисплатени плати.
Динев не одговори на нашите повици со кои баравме одговор зошто поранешниот директор отвора фирма со речиси ист назив како МПМ. Се стравува дека ваквите калкулации отвораат пат МПМ да заврши во стечај, а работата да ја преземе новата фирма.