Директорот на Фондот за здравство Сашо Стефаноски е првиот што се обрати пред насобраните демонстрани кои ја следат седницата на Државната изборна комисија за како што велат „одбрана на изборниот резултат на ВМРО ДПМНЕ“.
„Нема да помине. Им се обраќам на тие во оваа зграда да ме слушнат: ‘Да не дозволите да подлегнете на притисок од центри на моќ кој што ќе ве убедат да направите нешто против вољата на македонскиот граѓанин. Нема да го дозволиме тоа. Нема играчка со овој народ“, повика Стефаноски.
„Кажи кога да влеземе“ праша еден од насобраните пред ДИК чиј што број при крај на работното време, се повеќе се зголемува. Меѓу оние што протестираат регистриравме присуство на јавни личности блиски до владечката партија, симпатизери и поддржувачи.

Топол чај за поддржувачите на ВМРО ДПМНЕ пред ДИК / Фото БИРН
На насобраните им се дели чај, се подготвува оган заради што со камионче се донесени дрва. Одвреме на време се фрлаат петарди, се извикуваат пароли, ечи музика. Вработените во институциите кои се во зградата на поранешна НИП Нова Македонија заминаа околу 15 часот и се стекнува впечаток дека насобраните демонстранти се подготвуваат да го чекаат крајот на седницата на ДИК.

Со камион беа донесени дрва кои очигледно ќе служат за огрев пред зградата на ДИК и ЕУ инфо-центарот кој се наоѓа преку улицата
Полицијата е присутна, видливи се само обични полицајци, не припадници на ЕБРД. Во меѓувреме во ДИК тече расправа по приговорите на СДСМ. Опозициската партија повлече два приговора.

Седницата на ДИК започна околу 14:30 часот
Седницата започна со два часа задоцнување и се очекува да заврши денес. Вчерашната седница заврши во раните утрински часови, паралелно со протестите на кои говореа високи функционери на ВМРО ДПМНЕ.

Јохан Тарчуловски со симпатизерри на ВМРО-ДПМНЕ

Револуционерен беџ на капчето на директорката на Театар Комедија, Јелена Жуѓиќ

Богдан Илиевски ака Бетмен Велит пред ДИК

За некои е напнато, за други опуштено

Вечерна атмосфера пред ДИК

Неколку стотини граѓани се собрани пред комисијата