Разговори на највисоките политички функционери од власта полни со говор на омраза и шовинизам против Албанците обелодени опозициската СДСМ на денешната „политичка бомба“.Во разговорите кои наводно се водат меѓу поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, нејзиниот портпарол Иво Котевски, шефот на кабинетот на премиерот Никола Груевски, Мартин Протоѓер и други можеа да се слушнат безборј навреди за албанската етничка заедница во Македонија, па дури и повици за војна.
Во графиците што следуваат можат да се прочитаат дел од разговорите кои денеска беа објавени од опозицијата, а во кои се зборува за албанската етничка заедница.
Во еден од разговорите што ги објави СДСМ кој наводно се води меѓу тогашната министерка Јанкулоска и портпаролот на МВР Иво Котевски во 2012 година, тие разговараат за протестите во Гостивар кои се случија по двојното убиство во градот што го изврши припадник на полицијата. На протестите бил каменуван штаб на владејачката партија, а Јанкулоска е задоволна како телевизија „Телма“ го покрила прилогот.