Цената на новиот барокен изглед на Сити галери во центарот на Скопје се искачи над 1,8 милиони евра.
Последниот договор на Град Скопје со изведувачот, градежното претпријатие Урбан инвест, е склучен на 14 декември 2016 година, во вредност од 279 илјади евра, во постапка на преговарање без објавен оглас за, како што се наведува “набавка на непредвидени работи“.
Урбан инвест е изведувачот на целиот проект на рефасадирање на Сити галери. Фирмата претходно потпиша договор со Град Скопје во висина од еден и пол милион евра за реконструкција на фасадата , како и договор за дислокација на мониторот на објектот.
Основниот проект е на ИНКОМ инжинеринг, а идејното решение на архитектите Лазар Димов и Никола Стакинов кои стојат зад изгледот на голем број рефасадирани објекти во централното градско подрачје како и други објекти од проектот Скопје 2014.