Останато

Повторно судење на осум обвинети за злоставување цивили

Логорот Силос. Фото: БИРН

Пред Судот на Босна и Херцеговина,  започна повторното судење на  Мустафа Ѓелиловиќ, Фадил Човиќ, Мирсад Шабиќ, Незир Казиќ, Халид Човиќ, Беќир Хујиќ, Шериф Мешановиќ и Нермин Калембер, за злосторства над цивили од српска и од хрватска националност, кои биле незаконски притворени во логорот „Силос”, касарната „Крупа” и основното училиште „9 Мај“, во општина Хаџиќи.

Во јули 2018 година, по шестгодишно судење, сите тие беа прогласени за виновни за незаконско притворање на цивили и нивно држење во лоши услови во споменатите логори.

Судот утврди дека некои затвореници биле претепувани, понижувани и принудени да работат тешки физички работи.

Со истатапресуда, осуммината беа ослободени од обвинението за злосторства извршени над воени затвореници, бидејќи судот утврди дека сите затвореници биле цивили.

На десет години затвор беа осудени поранешниот претседател на кризниот штаб на општина Хаџиќи, Мустафа Ѓелиловиќ, и поранешниот командант на Деветтата планинска бригада на Армијата на Босна и Херцеговина, Незир Казиќ.

Судот, по осум години затвор, им додели на поранешниот шеф за станицата за јавна безбедност во Хаџиќи, Фадил Човиќ, како и на управникот на „Силос”, Беќир Хујиќ.

Полицискиот командир во Пазариќи, Мирсад Шабиќ, и заменикот управник на „Силос”, Халид Човиќ, беа осуден на шест години затвор.

Поранешниот управник во касарната „Крупа”, Шериф Мешановиќ, беше осуден на седум, а поранешниот стражар, Нермин Калембер, на пет години затвор.

Сепак, во јули годинава, Апелацискиот совет ги уважи жалбите и на обвинителството, и на одбраната, ја укина оваа пресуда и наложи повторно судење.

На денешното рочиште, адвокатите на некои обвинети, доведоа во прашање дел од наводите на обвинителството, како и сведочењата на сведоците.

Адвокатот на Калембер рече дека во текот на долгогодишното судење, неговиот клиент бил спорадично спомнуван и дека од сведочењата можело да се види дека сведоците не го обвинувале.

„Изјавите на сведоците на обвинителството го третираат како најсовесен и најслужбен стражар. И тој е единствениот стражар во животна опасност, тој двапати го заложил својот живот за да ги спаси логорските затвореници“, нагласи бранителот, Душко Томиќ.

Судскиот процес треба да продолжи на 24 септември.