Пред Судот на Босна и Херцеговина, Миломир Савчиќ, претседател на БОРС, изјави оти не е виновен за помагање на геноцидот во Сребреница, извршен во јули 1995 година.
„Обвинението е измислено, не се чувствувам виновен. Се изјаснувам за невин“, рече Савчиќ.
Обвинението го товари Савчиќ, дека како командант на 65. моторизиран полк на Главниот штаб на Војската на Република Српска (ВРС), ги планирал, командувал и надгледувал активностите на подредените луѓе, при заробувањето на стотиците Бошњаци од областа Нова Касаба и при нивното незаконско заробување, злоставување и убиство.
Според обвинението, од 11 до 15 јули 1995 година, Савчиќ свесно им помагал на другите членови на здружениот злосторнички потфат, да ги заробат и убијат Бошњаците од Сребреница и да ги закопаат нивните тела, со цел да ги уништит како етничка група во дадената областа.
Силите на босанските Срби, во јули 1995 година, убија околу 8.000 бошњачки мажи и момчиња од Сребреница, злосторство кое меѓународните судови и судовите на БиХ, го класифицираа како геноцид.
Другите членови на здружениот злосторнички потфат, според обвинението, биле Ратко Младиќ, командант на Главниот штаб на ВРС, Љубиша Беара, началник за безбедноста на Главниот штаб на ВРС и командантите на дринскиот корпус и на зворничката бригада на ВРС.
Хашкиот трибунал, во 2017 година, го осуди Младиќ на казна доживотен затвор. Неговиот случај сега е во жалбена постапка.
Беара почина во 2017 година во затвор во Берлин. Таму ја издржуваше казната доживотен затвор, на која Хашкиот трибунал го осуди за геноцид и за други злосторства.