Даниела Рангелова се повлече од сите партиски функции во ВМРО-ДПМНЕ, односно како претседател на Унијата на жени на партијата и од Извршниот комитет.
„Не можам да прифатам да бидам дел од ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ кое ја однесе партијата во изолација, кое со своите политики базирани на неискреност, сплеткарење и продуцирање на кавги помеѓу нас внатре во партијата, успеа по принципот раздели па владеј, дополнително да го подели македонското национално ткиво и да внесе неприфатливо ниво на омраза помеѓу македонците но и помеѓу членовите на ВМРО-ДПМНЕ“, напиша Рангелова на Фејсбук.
Оставката на Рангелова доаѓа по превратот кој се случи во партијата, откако раководството на чело со Христијан Мицкоски од партијата ги исклучи седумте пратеници кои гласаа за отворање на Уставот, потоа екс директорот на УБК Сашо Мијалков, поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, потпретседателот Митко Јанчев и реформаторите Петар Богојески и Костадин Богданов.
Рангелова во интервју за БИРН неодамна отворено проговори за проблемите со кои се соочува ВМРО-ДПМНЕ, нарекувајќи ја изолирана партија, која ако го продолжи ваквиот пат, ќе oстане без иднина.