Македонија се најде на 111 место од вкупно 180 места на последното рангирање на „Репортери без граници“ за слободата на медиумите. Со ова, нема поместување од 2016 година, кога земјава исто така беше рангирана на 111 место. Зад Македонија се Авганистан, Малдиви, Нигарија, Зимбабве, Мексико, Иран, Сомалија, Кина, Сирија, Северна Кореја.
Македонија е рангирана со најлош резултат од сите балкански и европски држави. Делот за Македонија во извештајот насловен е како „Лошото момче на Балканот“.
„Слободата на медиумите е намалена во целиот регион, но ерозијата на владеењето на правото е највидлива во Македонија, земја кандидат за членство во ЕУ. Политичката нестабилност влијае на работата на новинарите, а притисокот од страна на владејачката партија доведе до тоа извесни медиуми да се самоцензурираат“, се вели во извештајот.