Вести

Селективна аболиција

Според одлуката на Иванов, може да се претпостави дека остануваат помилувањата за директорот на Телеком Луковски, сопственикот на НВСП Стајковиќ, соработничката на Мијалков, Светлана Костова, полициските службеници за кои се води истрага за убиството на Мартин Нешкоски како и за директорот на Ексико, Тодор Мирчевски.

„Не сакам никој да има сомнеж, ниту еден политичар не е над законот. Ниту еден политичар не е недопирлив. Секој ќе одговара за своите постапки“, изјави Иванов, но сепак повтори дека за него одлуката за аболиција била најдобрата можност за излез од политичката криза.

„Не сакам никој да има сомнеж, ниту еден политичар не е над законот. Ниту еден политичар не е недопирлив. Секој ќе одговара за своите постапки“, изјави Иванов, но сепак повтори дека за него одлуката за аболиција била најдобрата можност за излез од политичката криза.

Претседателот Ѓорге Иванов ја повлече одлуката за помилување на 22 лица, за кои, како што рече, се политички експонирани. Тој не ги соопшти нивните имиња, па оттаму остави на јавноста да шпекулира кои се лицата чии помилувања се повлечени.

БИРН, според објавените одлуки во „Службен весник“ од 12 април, направи листа на лицата кои се, или пак биле на политички функции и за кои најверојатно аболицијата е повлечена.

1. Гордана Јанкулоска

2. Миле Јанакиески

3. Љупчо Димовски

4. Мендух Тачи

5. Бедредин Ибраими

6. Мартин Протoѓер

7. Љупчо Тодоровски

8. Кирил Божиновски

9. Сашо Мијалков

10. Ирена Мишева

11. Никола Груевски

12. Тони Трајковски

13. Зоран Заев

14. Трајко Вељаноски

15. Коце Трајановски

16. Владимир Тодоровиќ

17. Едмонд Темелко

18. Зоран Верушевски

19. Владимир Талевски

20. Исмет Гури

21. Бранко Црвенковски

22. Бранко Палифров

За останатите 34 лица, чии имиња не ги соопшти, Иванов рече дека можат да поднесат лични барања за аболиција. Тој оваа одлука ја донесе повикувајќи се на Законот за дополнување на Законот за помилување.

Иванов рече, дека за разлика од 12 април „сега има нова реалност, а институциите функционираат за да дочекаат втор бран мигранти во услови на надворешни закани и безбедносни ризици“.

„Не сакам никој да има сомнеж, ниту еден политичар не е над законот. Ниту еден политичар не е недопирлив. Секој ќе одговара за своите постапки“, изјави Иванов, но сепак повтори дека за него одлуката за аболиција била најдобрата можност за излез од политичката криза.

Оваа одлука на Иванов отвора голем број прашања. Нејасно е по кој критериум се водел претседателот при повлекувањето на одлуките за аболиција. Освен тоа, дел од аболираните 34 лица (33 откако Коста Крпач беше пронајден мртов), се можни сведоци во Специјалното јавно обвинителство. Тоа ќе претставува дополнителна пречка за СЈО да гради случаи против политичарите без соработка од оние чии помилувања остануваат на сила.

Според обраќањето на Иванов, може да се заклучи дека остануваат на сила помилувањата за генералниот директор на Телеком Жарко Луковски, сопственикот на НВСП Владислав Стајковиќ, соработничката на Мијалков Светлана Костова, полициските службеници за кои СЈО води истрага за убиството на Мартин Нешкоски, кумот од првиот брак на Груевски, Ристо Новачевски, директорот на Ексико, Тодор Мирчевски и Горан Грујевски, началник на Петата управа во УБК.

Од движењето Протестирам изјавија дека не прифаќаат парцијално повлекување на аболицијата.

„Половична правда е неправда! Нема да запреме додека не се повлече аболицијата целосно. Не неколку, туку сите треба да бидат предмет на истрага. Чекориме по улицата за сите кои се сомничат за криминал да бидат изведени пред суд. Претседателот си поигрува со нас, но уште повеќе се поигрува со правдата. ‪#‎Протестирам‬ за да не го дозволам ова поигрување!“, велат од Протестирам.

Протестите продолжуваат денеска во 18 часот.