Вести

Тајното поставување на споменици предизвика нов спор

  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  

Долго ветувани споменици на истакнати Албанци, во текот на викендот, ноќе, беа неочекувано поставени во Скопје, што предизвика расправија помеѓу две општини.

Два споменика на албански писатели, чие поставување со години е ветувано како дел од владиниот проект Скопје 2014, во саботата по полноќ беа поставени без никаква најава во општина Центар, што предизвика реакција од оваа општина.

Општина Центар тврди дека нема ништо со поставувањето на спомениците и дека најверојатно, општина Чаир, во која живее мнозинство население од албанска националност, во тајност и без соодветна дозвола, ги поставила спомениците.

„Доколку се констатира дека општина Чаир бесправно ги поставила спомениците, кон неа ќе бидат превземени сите законски мерки, вклучувајќи и кривична одговорност“, се вели во реакцијата на општина Центар.

„Сосема е јасно дека општина Чаир ниту може ниту има надлежност да издава одобрение за поставување на споменици на територијата на друга општина“, се додава во соопштението.

Pjetr Bogdani Albanian staues in Skopje by SJM (3)

Новиот споменик на Пјетр Богдани во Скопје. Фото: БИРН

Два споменика на албански писатели, чие поставување со години е ветувано како дел од владиниот проект Скопје 2014, во саботата по полноќ беа поставени без никаква најава во општина Центар, што предизвика реакција од оваа општина.

Општина Центар тврди дека нема ништо со поставувањето на спомениците и дека најверојатно, општина Чаир, во која живее мнозинство население од албанска националност, во тајност и без соодветна дозвола, ги поставила спомениците.

„Доколку се констатира дека општина Чаир бесправно ги поставила спомениците, кон неа ќе бидат превземени сите законски мерки, вклучувајќи и кривична одговорност“, се вели во реакцијата на општина Центар.

„Сосема е јасно дека општина Чаир ниту може ниту има надлежност да издава одобрение за поставување на споменици на територијата на друга општина“, се додава во соопштението.

Споменикот на албанскиот писател Пјетр Богдани беше поставена во паркот „Жена борец“ спроти зградата на парламентот, а споменикот на писателот и свештеникот Јосиф Багери, беше поставен во близина на Македонскиот народен театар.

Изградба на споменикот на Неџат Аголи. Фото: БИРН

Изградба на споменикот на Неџат Аголи. Фото: БИРН

Почнати се и градежните работи за изградба на трет споменик. Споменикот на Неџат Аголи, прв министер за здравство во Владата во 1945 година, кој ќе биде поставен во близина на плоштадот Македонија во Скопје.

Општина Чаир, која ја води Демократската унија за интеграција, ДУИ, помал партнер во владејачката коалиција, во понеделник не одговори на обвинувањата, додека опозициската општина Центар соопшти дека се сомнева оти во поставувањето на споменицити е вклучена и Владата.

„Во својот добро препознатлив стил, ноќе, за викенд и пред празник, далеку од очите на јавноста, Владата на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ ги постави преостанатите три споменици“, се вели во соопштението на општина Центар.

Инаку, во општина Центар, во 2010 година, како дел од големиот проект финансиран од Владата за преуредување на главниот град, познат како „Скопје 2014“, требаше да бидат подигнати три споменици на познати личности, Албанци.

Во тоа време, Центар ја водеше градоначалник на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, но, на последните избори на негово место дојде актуелниот градоначалник Андреј Жерновски, кој доаѓа од редовите на опозицијата и е против проектот „Скопје 2014“.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ го промовираше проектот „Скопје 2014“ во 2009 година. Тој предвидува поставување на бројни споменици низ градот, и изградба и реконструкција на десетици згради во центарот.

Проектот беше критикуван од албанската заедница како проект со кој главно се опфатени македонски херои.

Под притисок на ДУИ, владата во 2010 година се согласи да постави три споменика на личности што ја претставуваат албанската заедница.

Поставувањето на спомениците се случи еден ден откако ДУИ ги поддржа пратениците на ВМРО ДПМНЕ кои гласаа за одложување на изборите на 5 јуни и за смена на двајцата опозициски министри од преодната влада, задолжена за одржување на изборите.

Тие беа заменети со министри од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

ДУИ во понеделникот не беше достапна за коментар на прашањето дали двата настани се поврзани.