Флеш Вести14/01/2019 15:01

„Северна Македонија“ и официјално во Службен весник

Уставните измени со коишто се менува името на државава од Република Македонија во Република Северна Македонија денеска се објавени во Службен весник со потпис на претседателот на Собранието Талат Џафери. 

Со овој чин се официјализираше промената на уставното име, што пратениците со двотретинско мнозинство ја изгласаа доцна попладнето во петокот. Како што наредниот ден на прес-конференција соопшти премиерот Зоран Заев за објавување на оваа одлука не е потребен потписот на претседателот Ѓорге Иванов.

Утре во грчкиот парламент почнува дводневна расправа за гласање доверба на грчкиот премиер Алексис Ципрас.