Флеш Вести29/06/2017 12:37

СЈО бара притвор за Груевски, Јанакиески и Јанкулоска

Специјалното јавно обвинителство бара притвор за Никола Груевски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Кирил Божиновски и Мартин Протоѓер за случајот „Титаник“, кој се однесува на изборни измами.

Притвор се бара и за Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, Елизабета Канческа Милевска, поранешна министерка за култура и за Владимир Пешевски, поранешен вицепремиер. СЈО бара притвор и за Тони Трајковски, градоначалник на општина Гази Баба и за уредникот во Сител ТВ, Драган Павловиќ Латас за случајот Тотал. Вкупно, СЈО бара притвор за 18 лица. 

Два дена пред истекувањето на рокот за поднесување обвиненија на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), поднесени се 17 обвиненија за 18 предмети. Обвинети се 94 физички и 7 правни лица. Случаите „Таргет“ и „Тврдина“ се обединети во еден предмет, а случаите „Тврдина 2“, „Транспортер“ и Насилство во општина Центар веќе се во судска постапка.

„Титаник“ – закана од притвори за врхушката на ВМРО-ДПМНЕ