Регион

Судот на БиХ потврди пресуда изречена за силување во војната

Милислав Икониќ (прв ред, десно) и Зоран Илиќ (последен ред, десно) во судница. Фото: Суд на БиХ

Апелацискиот совет на Судот на Босна и Херцеговина, денеска ја потврди пресудата што му беше изречена на поранешниот припадник на Министерството за внатрешни работи на Република Српска, Милислав Икониќ, со која тој беше осуден на девет години затвор за силување на жена, во градот Рогатица, во јули 1992 година. Со истата пресуда, поранешниот припадник на Војската на Република Српска, Зоран Илиќ, беше ослободен од обвинението дека силувал друга жена.

За потсетување, со првостепената пресуда од 2018 година, Икониќ беше прогласена за виновен, бидејќи зел жена од објектот за притвор кој се наоѓал во средното училиште во Рогатица и ја однел во стан, каде ја силувал 6 последователни дена.

„Апелациското одделение на Судот на БиХ, по одржаната седница на советот на Апелациското одделение, во кривичниот предмет Милисав Икониќ и др., донесе пресуда со која жалбата на одбраната на обвинетиот, Милисав Икониќ, се отфрла како неоснована, со што се потврдува првостепената пресуда на овој суд“, се вели во соопштението на Судот на БиХ.

„Оштетената С-1 убедливо и доследно ја опиша трауматската ситуација во која се нашла и она што ѝ се случило”, рече во септември 2018 година, при изрекувањето на првостепената пресуда, претседателот на судскиот совет, Халил Лагумџија.

Апелацискиот совет му ја потврди ослободителната пресуда на Илиќ поради „недостиг на докази“.

Оваа пресуда е конечна и на неа не може да се поднесе жалба.