Регион

Намалени казните за масакрот во Теслиќ

  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  

Обвинетите со нивните адвокати во судница. Фото: Суд на БиХ.

Со првостепената пресуда од јули минатата година, Драган Марјановиќ, Саша Гаврановиќ, Витомир Девиќ и Зоран Шљука, беа осудени на по 17, а Драгомир Кезуновиќ на 14 години затвор.

Апелацискиот совет ја преиначи оваа пресуда и го осуди Марјановиќ на 14, а Гаврановиќ, Девиќ и Шљука на по 15 години затвор.

Во 1992 година, припадниците на Војската на Република Српска (ВРС) убија 28 цивили на планината Борје, во близина на Теслиќ.

На Кезуновиќ, по кого беше распишана потерница откако не се појави на изрекувањето на првостепената пресуда, кога советот објави дека му е одредена мерка притвор, му беше потврдена казната затвор од 14 години.

Сите петмина беа прогласени за виновни затоа што ноќта меѓу 17 и 18 јуни 1992 година, однеле 28 цивили, кои биле приведени во полицијата во Теслиќ и во затворот Прибиниќ, до планината Борје, каде што ги убиле.

Марјановиќ бил командант на вод на воената полиција на тесличката бригада на ВРС, додека другите обвинети биле припадници на тој вод и на воената формација „Миќо“.

На оваа одлука на Апелацискиот совет, не може да се поднесе жалба.